Поновата македонска историја не памети друг сличен или ист пример на договор лажњак, на камуфлажен договор со кој кажано со спортски речник Бугарија ја добива Македонија на македонски терен со службен резултат 3:0. Убаво накитен со општопознати и општо задолжителни обврски за сите држави во меѓународниот поредок (почитување на принципите на Повелбата на ООН, на документите на ОБСЕ, на демократските принципи содржани во актите на Советот на Европа, а на која држава и е дозволено да не ги почитува овие обрски?!), Договорот на мошне провиден и неинтелигентен (неинвентивен) начин ги камуфлира дамнешните барања на бугарските власти за целосно претопување на македонскиот народ, македонската историја и македонскиот идентитет во бугарскиот, вели професорката Тања Каракамишева-Јовановска коментирајќи го Договорот за добрососедство кој на 1-ви август треба да биде потпишан од владите на Македонија и Бугарија.-Новото во Договорот е што истиот е во полза исклучиво на Република Бугарија и што преку неговата реализација бугарските власти на правно-обврзувачки начин ќе го оживеат својот дамнешен сон да ни ги наметнат своите вековни барања за претопување на македонскиот во бугарскиот народ. Новото во договорот е што овојпат претопувањето ќе оди со наш аманет и согласност. Ние ќе дадеме согласност за такво претопување, за такво самоуништување, дури и ги имаме прецизирано и конкретните механизми и средства како сакаме тоа претопување и самоуништување да изгледа. Сами даваме согласност нашата македонска историја и идентитет да бидат „усогласени“со бугарската историја и идентитет!? Преку фрази кои наводно се безопасни и веќе чуени во меѓународната практика, македонската страна се фаќа како сом на јадица и самата се мести, и се гарнира подготвена да биде ставена на трпеза за јадење. Но, како изгледа македонскиот сом ставен на бугарска трпеза, да одиме со ред, вели Каракамишева.
Професорката вели дека содржината на договорот во која се набројува нешто што е општо задолжително по силата на меѓународното право е апсолутно непотребна и служи само за замачкување на очи, само за замајување на јавноста која не го познава меѓународно-правниот систем.
-Содржината на првите седум члена е мачкање очи на пошироката јавност дека, всушност, во договорот нема ништо спорно и ништо антимакедонско. Гарнир-содржината на првите седум члена заедно со општата преамбула треба да ја покрие мачнината на веќе следниот член 8, став 2 каде стои дека „двете договорни страни ќе формираат заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритет на основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази заснованиисторискиизвори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај з асвојата работа пред владите на Договорните страни“. Посебно е погубен за Македонците ставот 3 од членот 8 каде стои дека „двете Договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи водухот на европските вредности“. Заедничките чествувања на заеднички настани и личности значат само едно, значат давање наша согласност за поништување на македонската историја како автохтона и самостојна, и наша согласност за нејзино претопување во бугарската историја, истакнува Каракамишева.
Професорката вели дека кога ќе немаме автентична македонска историја ќе немаме и автентичен македонски идентитет, ќе немаме ни автентичен македонски народ, ќе немаме ни независна и самостојна македонска држава.
-Посебно дискриминаторен и погубен е членот 11, став 5 од договорот каде на јасен и експлицитен начин македонските власти се откажуваат од суверенитетот и од независноста на РМ како држава, и од Уставот на РМ, се откажуваат од грижата на државата кон македонското малцинство што живее во Бугарија, што е обврска која произлегува од Уставот на РМ, но и обврска што произлегува од меѓународните документи. Ставот 5 дури користи и срамна, понижувачка и правно невозможна формулација дека „ништо од Уставот на РМ не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија“ небаре Македонија до сега била држава која толку многу се мешала во внатрешните работи на Бугарија што сега со договор треба да и се забрани такво мешање!?За какво толкување на Устав станува збор во договорот? Кој тоа од македонските власти го толкувал или може да го толкува Уставот на РМ на начин што е спорен за Република Бугарија?, вели универзитетскиот професор кој додава дека ова е деградирање на достоинството на РМ како држава и на нејзината власт, ова е понижување на секој македонски граѓанин. РМ никогаш и со ниту еден политички или правен чин или гест не демонстрирала какво било мешање во внатрешните работи на Бугарија. Ова се тешки инсинуации кои имаат за цел меѓународно понижување на државата РМ и на Македонците како народ.
-Договорот има три подметнати кукавички јајца поради кои бугарските власти толку инсистираат и толку ликуваат да биде потпишан. Прикриени со општопознати и прифатени меѓународни вредности и принципи, овие три кукавички јајца треба трајно да ја уништат посебноста на македонскиот народ и идентитет, автохтоноста на македонската историја, и суверенитетот и интегритетот на македонската држава како независен меѓународно признат субјект. Овие три кукавички јајца се предавнички чин на оваа влада која преку замајување на своите граѓани сака да направи класичен егзодус, класично поништување на својот народ. Го повикувам Заев да не го потпишува овој срамен документ, ги повикувам пратениците да не го изгласаат законот за ратификација на овој понижувачки и деградирачки за Македонците договор ако истиот биде потпишан во оваа срамна и недостојна содржина. Македонците не заслужуваат ваков документ!, вели Каракамишева-Јовановска.-Новото во Договорот е што истиот е во полза исклучиво на Република Бугарија и што преку неговата реализација бугарските власти на правно-обврзувач