Бугарија ќе испрати помош за настраданите во поплавите

Република Бугарија ќе испрати помош за настраданите во поплавите во скопскиот и тетовскиот регион во храна, вода и хигиенски средства во вредност од над 40.000 лева. Помошта веќе е доставена до бугарскиот Црвен крст, соопшти денеска прес-службата на Министерството за транспорт, информациска технологија и информации.Децата во настраданите подрачја, според соопштението, ќе добијат повеќе од 6.200 детски кашички и 5.000 памперси. Помошта вклучува повеќе од 22.000 литри флаширана вода, над 8.200 конзерви и друга храна и материјално-технички средства за справување со штетите од невремето.
Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија денеска соопшти дека примопредавањето на бугарската помош ќе биде утре во скопската касарна „Гоце Делчев“.Децата во настраданите подрачја, според соопштението, ќе добијат повеќе од 6.200 детски кашички и 5.000 памперси. Помошта вклучува повеќе од 22.000

Пронајдете не на следниве мрежи: