Бугарија првпат се извини за депортацијата на повеќе од 11 илјади Евреи

Бугарија, единствената земја сојузник на нацистичка Германија која ги спасила своите Евреи, се извини за учество во депортацијата на повеќе од 11 илјади Евреи од териториите на Македонија и на Грција, се наведува во декларацијата која беше едногласно усвоена од страна на бугарскиот парламент во петокот, по повод 70-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи. „Објективното оценување на историските настани, не е возможно денес да го оспори фактот дека 11.343 Евреи беа депортирани од Северна Грција и Кралството Југославија, кои беа под германска окупација. Осудувајќи го овој факт, преземен од страна на хитлеровата командата, изразуваме жалење дека локалната бугарска администрација немала можност да го спрече. Сепак, имало обиди да бидат спасени од бугарските граѓани, општествени дејци и свештени лица“, се вели во декларацијата. Сите депортирани живееле во анектираните на Бугарија територии и немале бугарско државјанство. Тие биле однесени во логорот Треблинка во Полска и ликвидирани. Евреите со бугарски пасоши требало да бидат депортирани во 1943 година, но поради притисоци од многу политичари, општествени и јавни личности, црквата, населението и разни организации, сите овие луѓе биле спасени. Вкупно, од Бугарија требало да бидат депортирани 48 илјади Евреи. „Бугарското општество, особено помладата генерација, има право да бидат горди на спасувањето на бугарските Евреи. Оваа е порака до современото општество за толеранција и хуманост меѓу луѓето од различни етнички заедници, религии и култури“, се вели во декларацијата на бугарскиот парламент.
МакфаксБугарија, единствената земја сојузник на нацистичка Германија која ги спасила своите Евреи, се извини за учество во де

Пронајдете не на следниве мрежи: