Бугарин повикал проститутка, а дошла неговата жена!

Вистинска трагикомична  драма му се случила на Неделко Карев (38) од Бургас во Бугарија. Тој по телефон закажал забава со проститутка. Дамата дошла во точно определеното време, а клиентот само што не паднал во несвест бидејќи тоа била неговата сопруга.
Притоа, Бугарската агенција „Крос“  јавила дека Неделко и неговата жена Нада во брак биле 6 години. Тој работи како службеник во магацин за алкохол, а неговата жена била касиерка во еден маркет.
Нивните познаници велат дека парот живеел во стан кој го наследиле од родителите на Неделко.
Пред една година, Нада на својот сопруг му соопштила дека ќе започне да посетува курс за компјутери и англиски јазик бидејќи и се здосадило да работи по 12 часа дневно за плата од 250 евра. Неделко оваа одлука ја прифатил со воодушевување.
Неговата жена почнала да доаѓа дома се покасно, а набрзо дознал дека се вработила како секретарка во казино клуб. Тој напрво се налутил но кога домашниот буџет значително почнал да расне се смирил. Приходите пораснале на 1.500 евра, а таа започнала да купува нова облека за себе, автомобил и скапи парфеми. Но, таа се помалку започнала да доаѓа дома и заборавила на „брачните должности“.
Запоставеноста сопругот решил да ја излечи со најмување на проститутка. Притоа, изнајмил стан, и се јавил на оглас од весник. За проститутката потребно било да плати 150 евра.
Притоа, на жената Нада и рекол дека нема да се врати цела ноќ затоа што ќе оди на прослава од работа.
Но,  на вратата  во договореното време стоела неговата жена во кратко здолниште и  јака шминка.
Наместо луда ноќ Неделко ја добил  вистината. Нада подоцна се му признала и му кажала дека во „работата“ ја вовела некоја пријателка.
На почетокот заработувала од 20 до 30 лева од еден клиент. Набрзо работата започнала да „цвета“ па започнала да заработува до 250 евра на ден.Вистинска трагикомична  драма му се случила на Неделко Карев (38) од Бургас во Бугарија. Тој по телефон закажал з

Пронајдете не на следниве мрежи: