Најновата преработка на рок групата Некст Тајм е предмет на обвинувања во Бугарија според кои Македонија го присвојува бугарскиот фолклор, пишува Република.Бугарските медиуми пишуваатдека „кражбата“ на песната „Слушам кај шумат шумите“ е стара практика која одново создава конфликт меѓу двете земји, пишува порталот.
Според бугарски новинари македонските музичари направиле нов современ аранжман на песната која што во Скопје се прикажува како македонска, а всушност е бугарска.
За Бугарија оваа песна во оригинал е “Кога зашумят шумите”, и таму нема историски дилеми дека таа песна посветена на војводата Костадин, кој се борел за слободна Македонија како бугарски комита.
Бугарските медиуми тврдат дека во Македонија е променет текстот и додаден зборот Македонци за да стане „помакедонска“ иако во бугарскиот оргинал наводно не се споменувале Македонци.
Другари верни другари МАКЕДОНЦИ,
Другари верни другари МАКЕДОНЦИ,
кога низ село врвите, со коњи да не тропате, не тропате.
Кога низ село врвите, со пушки да не фрлате, не фрлате
За разлика од песната која во Македонија може да се најде во различни верзии, снимена уште во шеесеттите години на минатиот век, во Бугарија може да се најде само во верзии од пред неколку години, но за соседите тоа не е никаков аргумент за да тврди дека Македонија е таа што краде.
Најстарата верзија на песната во Бугарија што може да се најде на Јутјуб е објавена пред 8 години, во изведба на Костадин Гугов.
Ансамблот Билјана од Охрид ја има снимено оваа песна уште во 60-тите години на минатиот век и снимката ја има на Јутјуб.
Бугарските медиуми пишуваатдека „кражбата“ на песната „Слушам кај шумат шумите“ е стара практика која одново соз