Од тоа што можеше да се дознае од бугарските медиуми за содржината на Договорот кој што Заев е убеден дека треба да го потпише додека е скриен од очите на македонската јавност, три месеци по потпишувањето ќе биде формирана комисија за надгледување на македонските медиуми што пишуваат за Бугарија, пишува Република.Дел од бугарските медиуми уште сега почнаа да практикуваат „рецензија“ на македонските медиуми и што тие објавуваат за содржината на Договорот за добрососедство, со кој наголемо се крие бугарската негаторска политика кон Македонците и македонската посебност.
Во текстот насловена „На нож? Антибугарски македонски медиум со грди напади против Борисов и Захариева“ во ткн- рецензија на колумна објавена во Република, се пренесува делови од колумната за кои се нагласува дека се „антибугарско расположение“ па и дека „си дозволуваат да се напаѓаат премиерот Борисов и нашата министерка за надворешни работи Екатерина Захариева“.
„Навредите“ за кои се реагира се однесуваат на колумната „Народе македонски, колку ќе биде тежок бугарскиот јарем?“, каде се оценува дека договорот е „ груб израз на омраза кон македонскиот народ“, дека „треба да се сфати само како приватна зделка само на неколку лица од едната и од другата страна“, „во заговор и далеку од очите и ушите на македонската јавност, која е осудена на тоа само да претпоставува колку е тешко и колку болно ќе биде бугарскиот политички јарем, кој диктаторски начин се става околу вратот на македонскиот народ“.
-Бугарите во своите „рецензии“ реагираат зошто е оценето дека „Стилот и начинот на кој… Захариева се обраќа на македонската јавност и народ е исклучително агресивен и дрзок, безобразно навредлив и безусловен“ и дека „Така не говорат оние кои се пријатели, или оние кои склучуваат пријателски спогодби“, пишува Република.
Како непријателски за Бугарија се истакнува и делот каде се нагласува дека:
„За министерката Захариева и за премиерот Борисов едноставно не постои македонскиот народ. За нив постои само бугарски народ во Република Македонија.
За нив не постои македонскиот јазик. За нив постои само бугарски јазик и западно-бугарски дијалект во Македонија.
За нив не постојат македонската култура и македонски национални традиции. За нив постојат само бугарска култура и бугарски национални традиции во Македонија.
За нив не постои одделна македонска национална историја. За нив постои само заедничка бугарско-македонска историја која, со оглед на непризнавањето на македонскиот народ, на јазикот и на културата и традициите, според нив всушност е бугарска историја за која, како што рече министерката Захариева, по потпишувањето на договорот „ќе се пишуваат нови учебници врз основа на научните факти”. Веројатно таа е најкомпетентниот стручњак во светот за научните факти за историјата на Македонија, па знае што зборува!“
Дел од бугарските медиуми уште сега почнаа да практикуваат „рецензија“ на македонските медиуми и што тие објавуваат за содржината на До
Пронајдете не на следниве мрежи: