Бугарските националисти денеска блокираа три премини на границата со Турција со цел да спречат илјадници Турци со бугарски пасоши да учествуваат на изборите во земјата, што се закажани за в недела, пренесува Танјуг.Протестите означуваат нова ескалација на односите меѓу Бугарија, која е членка на Европската унија, и соседна Турција поради отворената поддршка на Анкара за новата партија што го претставува турското малцинство во Софија.
Околу 50 демонстранти се собрале во селото Капетен Андреево и носеа плакати на кои пишуваше „Бугарија над се!“ и „Не на турското мешање!“.
– Ќе останеме овде и ден и ноќ за да го зачуваме суверенитетот на нашата татковина, нагласи организаторот на протестите Валери Симеонов.
Во Бугарија живеат 700.000 припадници на муслиманското малцинство, од кои повеќето се Турци, додека најмалку 200.000 Турци со бугарски пасош живеат во Турција.
Тие традиционално гласаа за Движењето за права и слободи, но таа партија почна многу да ја критикува Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.Протестите означуваат нова ескалација на односите меѓу Бугарија, која е членка на Европската унија, и соседна Турција поради отворената поддршка на