Бугарска пропаганда во Македонија

Бугарската пропаганда е разгранет систем за ширење на бугарското национално чувство, култура, јазик, идеја и влијание меѓу населението во Македонија.Организираниот пробив на бугарската пропаганда во Македонија започнува со формирањето на Бугарската егзархија. Егазрхијата била формирана на 28.02.1870 година со посебен султанов ферман и прва епархија во Македонија која била под јуриздикција на Егзархијата е Велешката епархија. За прв преставник на Егзархијата во Македонија бил поставен архимандритот Дамаскин кој стапил на должност во 1872 година.

 
Сулатановиот ферман од 1870 година
 
Владички берат за Неврокопската епархија
Според член 10 од султановиот ферман со кои била основана Егзархијата, било дозволено доколку во рамките на една Црковно – училишна општина во Македонија со 2/3 мнозинство нејзините општинари одлучаат да се приклучаат кон Егархијата, да можаат тоа да го направаат. На тој начин во 1874 година под јуриздикција на Егзархијата се нашле Скопската и Охридската епархија.
Meѓутоа во текот на Руско – Турската војна егзархиските преставници биле остранети од Македонија. Егзархијата своите позиции ќе ги зацврсти дури во 1890 година кога од Високата порта ќе добие 2 владички берати за Скопската и Охридската епархија и доплнително уште два владички берати за Велешката и Неврокопската епархија во 1894 година. На егзархијата во 1897 година и се доделени уште три владички берати за Битолската, Струмичката и Дебарската егзархија.
Основите на бугарската државна пропаганда во Македонија ги поставил бугарскиот политичар Константин Стоилов. Тој подготвил специјален проект за идно дејствување во Македонија и таквиот програмски документ во јануари 1883 година го преставил пред бугарскиот кнез Александар I Батенберг.
Во овој документ биле утврдени односите помеѓу Егзархијата и владата, како и модалитетите за идната црковно-просветна дејност на Егзархијата, а притоа било истакнато дека самата Егзархијата својата дејност мора да ја врши под контрола на бугарската влада. Столилов во својот документ на Егзархијата и препорачал:
1) при неа да се создаде една просветна комисија (попечителство) под претседателство на егзархот, во која задолжително би влегувал еден дипломатски преставник на бугарската влада во Цариград, потоа еден од синодалните архиереи и уште два члена што би ги избрал самот егзарх
2) да се спроведе еднообразност во организирањето на црковно-училишните општини во Македонија и преку нив да ја изведува својата активност на теренот
3) егзархот да и поднесува на бугарската влада сметка за сите материјални издатоци за изградба и поправка на секакви видови училишта, за издржување на учителите ии професорите, претседателите на црковно-училишните општини и други лица
4) на секој шест месеци егзархот да поднесува опширен извештај за работата во текот на целата година и за потребите во идната учебна година
Меѓу другото било истакнато и дека:
секој Македонец треба да е вдахновен со мислата дека во Софија се грижат за неговата судбина, за неговата сегашност и за неговата иднина
Кај населението во Македонија треба да се разбуди и развие бугарското национално чуство, да се работи на просветен план и затоа бугарската влада и Егзархија треба да работат рака под рака.
Да се внимава кој се испраќа за учител во Македонија, воспитаниците да ги воспитуваат учениците во бугарски патриотски дух и кај воспитаниците и останатото македонско население да се всади идејата дека бугарскиот кнез е господар на целиот бугарски народ и дека тој ќе го изврши обединувањето на целиот бугарски народ.
Со таквата цел, во 1883/1884 година, при Егзархијата во Цариград бил формиран Училишен оддел кој требало да раководи со просветната дејност во Македонија и да го надгледува трошењето на финансиските средства испратени од Бугарија, а наменети за веќе зацртаниот план. И затоа Петар Поп Арсов ќе истакне дека:
Егзархијата се претворила во б.н) чисто бирократско оделение на софиското надворешно министерство
Со тоа биле поставени основите за идната просветна дејност во Македонија. Бугарската држава за да се осигура успешно делување на овој црковно-просветен ситем почнала да дава големи суми на пари од својот сопстевн буџет.
Со текот на годините овие средства постојано се зголемувале. Во 1881 година сумата која била одвоена за пропагнадата во Македонија изнесувала 100 000 лева, а во 1885 година за Македонија и Одринско заедно биле одвоени 574 874 лева, а за 1890 година според еден српски извештај биле одвоени 5 500 000 франци.
Во 1890 година, по иницијатива на бугарската влада била изработена специјална програма за просветната егзархиска политика во Македонија, која била прифатена од Народното собрание на Бугарија. Меѓу другото, во седмата точка од оваа програма стои:
за учители во Македонија да се назначат само родени Бугари, а за учители по турски јазик да се назначат само влијателни лица кај турските власти. На учениците што ќе завршат гимназија во Македонија, ако не сакаат да добијат повисоко образование да им се даде служба во Бугарија. Ако некои од учениците сакаат да прифатат учителски позив, откако ќе поминат четири години на практика во Бугарија да се назначуваат за учители по нивните родни места
Во 1885 година во Македонија имало 250 основни бугарски училишта со 14 824 ученици. Од оваа бројка општините издржувале 187 училишта со 10 127 ученика. Во Солунскиот санџак, општините издржувале 46 училишта со 1312 ученици. Во Серскиот санџак имало 47 општински училишта со 3270 ученици. Останатите 63 училишта со 4697 ученици биле издржувани од Егзархијата. Во оваа бројка не влегуваат 21 класно уилиште. Во 1885 година во Солунската машка гимназија учеле 425 ученика во 6 класа, а во женската гимназија имало 125 ученички поделени во 4 класа. Треба да се истакне дека речиси сите ученици биле сместени во пансиони.
Во прилог на бугарската просветна политика одел турскиот закон од 1882 година со кој дозволивало отварања на училишта доколку не помалу од 30 куќи во едно село или град го побараат тоа. Во 1884 година во Прилеп била отворена богословија каде што биле обучувано егзархиските свешеници, но по една година оваа богодловија била пренесена во Одрин.
Со цел да се зацврстат и прошираат позициите на бугарската пропаганада во Македонија, бугарската држава понекогаш ги користела и сите механизми на власта со цел да се придобијаат што поголем број на приврзаниции во Македонија.
Во втората половина на 90 – тите години на 19 век бугарската пропагнада направила обид за проширување на своето влијание во Солуннската област и притоа биле искористени сите средстава за притисок. Во 1897 година бугарските власти извршиле притисок вр жителите на селото Караќој принудувајќи ги да ја признаат бугарската народност и Егзархија.
Имено сите мажи од селото Кара Ќој оделе на печалба во Бугарија, а дома се враќале еднаш или двапати годишно. Треба да се истакне дека во пасошите на печалбарите од оваа село пишувале дека се грчка народност и според некои истаричари токму тоа и сметало на бугарската влада.
Во едено известување на Бугарското министерство за внатрешни работи со дата од 18.07.1897 година и заверено под број 2810, а испратено до окружните управници и градоначалникот на Софија се истакнувало дека:
жителите од Караќој се чисти бугари, кои ја држат гркоманската страна, не ја признаваат Егзархијата и не ги учат децата на бугарски… сите обиди… да си го признаат јазикот и народноста останаа безуспешни, и ако селото не се спечали за бугарската страна… ќе биде тешко да се спечалат уште многу села во солунската каза
И затоа Бугарското министерство за внатрешни работи им наредило на администартивните, полициските и финансиските власти да се дејствува на сериозен начин врз селаните од Караќој и заедно со духованата власт по пат на закани, уцени и убедувања да им се каже дека ако не ја признаат Бугарската егзархија, ако не земат Бугарин за учител во селото и ако не ја признаат бугарската народност тогаш нема да им биде дозволено да одаат на печалба во Бугарија.
Властите биле задолжени да ги пронајдаат сите жители од селото Караќој кој се на печалба, а за нивно пронаоѓање бил доставен список од 101 лице. Министерството за внатрешни работи посебно им нагласило на финансиските власти дека треба серосзно да се влијае и притоа како средство за притисок да се искористи патентовиот данок (данок за занимање).
Сите оние кој немало да имаат потврда дека ја признаваат Бугарската егзархија и во пасошите нема да им пишува дека се од бугарска народност, требало да бидаат обложени во највисоки размери, а во спротивно ако ја признавале бугарската народност данокот би требало да биде синболичен. Во иднина оваа мерка требало да важи за сите лица кој ќе дошле во Бугарија на печалба, а во пасошите немало да им пишува дека се од бугарска народност .
Од коресподенцијата на бугарските министерства се дознава дека селаните од Караќој истакнале подготвеност ако биде отворено бугарско училиште во нивното село да ја признаат Бугарската егзархија. Меѓутоа следната година кога повторно тие се нашле во Бугарија на печалба во пасошите им пишувало дека се од грчка народност. Поради тоа Министерството за внатрешни работи испратило ново окружно во кое било костатирано дека мерките не ги дале посакуваните резулатати и затоа се предвидувале по остри мерки.
До создавањето на Бугарската егзрхија, црковните имоти во Македонија и припаѓале на Цариградската Патријаршија. Но по создавањето на Егзархијата, двете цркви започнале борба за контрола на црквите и гробиштата во Македонија.
Во селото Месимер – Воденско имало 150 куќи и две цркви. Црквата која се наоѓала во ценатрот на селото, а другата на крајот од селото. Во 80 – години на 19 век селаните се договориле во централната црква богослужбата да се изведува на грчки јазик, а во периферната црква на словенски јазик. Малку подоцна во селото се нашла турската жандармерија со грчкиот владика и двете цркви и биле доделени на Патријаршијата иако во селото имало само 20 патријаршиски куќи.
Во селото Негован – Лагадинско имало 400 куќи од кој само 10 биле патријаршиски, но и покрај тоа црквата во селото и била доделена на Цариградската Патријаршија и на тој начин се зголемил бројот на патријаршиските куќи на вкупно 50. Училиштето и останатиот црковен имот во селото и биле доделени на Патријаршијата. По еден судир во црквата таа била затворена.
Речиси истата случка се повторила и во Ново Село – Солунско каде по инцидентот во црквата биле затворени селските првенци кои биле егархисти.
Уште поморбидна била борбата за контрола на гробиштата. Во 1888 година на општинските гробишта во Дојран, кога егзархистите го закопувале телото на еден починат егзархист биле нападнати од страна патријаршистите. Се создала тензична состојба која можела да го зафати целиот град и затоа мораал да интервенираа солунскиот валија Галиб – паша. Тој дозволил да биде закопано телото на егазархистот, а на егзархистите им доделил посебен плац за гробишта. Истата година во месец ноември сличен инцидент се случил во Сер кога бил закопан еден егзархиски свештеник и повторно интервенирал Галиб – паша и на егзархистите им доделил посебен плац за гробишта. Во 1891 година во Струмица гркоманите го откопале телото на едно дете само затоа што неговите родители биле егзархисти. На 25.05.1902 година во селото Просечан во Драмскиот санџак бил закопан егзархискиот свештеник Георги Фркачев меѓутоа против неговото закопување се побуниле гркоманите од селото. Затоа драмскиот мутесариф дошол со жанадармеријата, го блокирал селото и издал наредба да биде откопан свештеникот и да биде закопан поблиску до егзархиската црква, а тоа се случило четири дена по неговиот првобитен погреб. Имено во селото Просечан имало две цркви, една егазрхиска и една патријаршиска со зеднички двор, најголемиот дел од дворот и припаѓал на Патријаршијата. Ваквите случаеви биле многубројни и од нив може да се заклучи дека:
Во грчко – бугарската пропагандна војна во Македонија, очигледно не биле поштедени ниту мртвите. Двете цркви проповедајќи ја Христовата вера ги заборавиле основните христијански и морално – етички норми дека покојниците треба да почиваат во мир. Ако во оваа пропагандна терка не биле поштедени ниту мртвите, тогаш како им било на живите?!
Со текот на времето бугарската пропаганда попримила и воружен карактер. Притоа бугарскиот двор и влада се послужиле со Македонската емиграција во Бугарија како и со Македонскиот комитет.
Така оваа организација од чисто патриотска се претворила во орудие на дворот и владата, а тие преку Македонскиот комитет направиле обиди за остварување на своите цели и интереси, што многу штетно влијало врз македонското револуционерно движење. Првиот прстап бил направен во 1895 година преку Мелничкото востание и затоа Крум Христов истакнал дека:
Трајко Китанчев со својот авторитет ја покривал подготовката на првата престапна авантура на дворот, која отвора цела ера на врховистички престапи кон Македонија
За разлика од грчката влада која дирекно организирала и препраќала чети, Бугарија сакала да ја искористи македонската емиграција и целото македонско револуционерно движење за оставрување на санстефанскиот идеал, а сето тоа се одразлило во дејноста на двете најголеми македонски револуционерни организации кој на крај започнале и борба меѓу себе….
Извори
 
↑ Александар Трајановски, Бугарска Егзархија и македонското националноослободително движење (1893 – 1908), Скопје, 1982, 35.
↑ М. Миновски, Македонија во билатералните и мултилатералните договори…, 228.
↑ Бугарската егзархија и македонското национално-ослободително движење (1893-1908), Александар Трајановски, Скопје, 1982
↑ П.п.Арсов, Потеклото на револуционерното движење во Македонија… No. 8, Софија, 19.07.1919,3
↑ Просветната политика на егзархијата у училишните бунтови во Македонија, Славко Димевски, Скопје, 1960, 12
↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски Факултет
↑ Политиката на турското правителство…, 38 – 40
↑ Независно од злоупотребите на бугарскиот двор и влада, македонскиот комитет е организација на македонската емиграција во Бугарија. Во неа членувале Македонци, а помалку Бугари. Повеќето од нив биле искрени македонски патриоти. Меѓутоа, во МК се вовлекле доверливи луѓе на бугарската политика, разни профитери, кариеристи, авантуристи, случајни сопатници, квазипатриот, дури и арамии. Инволвирањето на таквиот профил во МК, се одразило на неговата активност, а посебно врз македонското ослободително дело и МРО…. види Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт…187
↑ Крум Христов,Гоце Делчев,Софија 1955,109
↑ Според некои смрта била придизвикана од сознанието дека македонското дело со кое раководел Китанчев е злоупотребено и изманипулирано од бугарскиот кнез. Навистина тоа се случило откако бугарските власти ја затвориле границата и почнале преследување на македонските чети
↑ Т. Мамуровски, Бугарската пропаганда во Југозападна и Централна Егејска Македонија 1941–1944, Скопје, 1989
Преземено од: mn.mkОрганизираниот пробив на бугарската пропаганда во Македонија започнува со формирањето на Бугарската егзархија. Егазрхијата била формирана на

Пронајдете не на следниве мрежи: