Бугарски Минстроj нема да биде газда на Злетово и Тораница

Бугарски Минстрој се уште нема да стане газда на рудниците Тораница и Злетово. Двете компании кои беа дисквалификувани најавуваат жалби на одлуката на Комисијата за доделување на концесии при Министерството за економија. Неофицијално дознаваме дека елиминираните апликанти, едната со матична компанија во Велика Британија и другата од Србија испратиле своја реакција директно во нивните амбасади во Македонија, а ќе приложат и со жалби за сомнителната тендерска постапка. Нашите извори не упатуваат во сомнежот дека врз две од трите компании кои не беа елиминирани од учеството во тендерот, им биле вршени притисоци да не земат учество во наддавањето.
Поради наводното нелегално обесправување на овие два учесника се наруши конкурентноста на наддавањето со што највисоката сума за концесиски надоместок не е постигната, оштетувајќи го буџетот на Република Македонија.
Дисквалификувањето на двата субјекти не е во соодветност за Законот за доделување на концесии за ископување на минерални суровини.
Се поставува прашањето зошто е направена нетранспарентно одлучување по доставената документација од сите компании и зошто наддавањето поминало без да има вистинско наддавање.
Министерството за економија спроведе постапка за доделување на концесиите за експлантација на рудниците Тораница и Злетово, кои беа одземени од минатиот сопственик Индо Минерали и Метали поради влегување на компанијата во стечај. Согласно со тоа, комисијата за спроведување на постапката објави тендер на којшто уште во почетната фаза елиминираше два еминентни понудувачи кои учествуваа во тендерот, за потоа да не дозволи истите да учествуваат во електронското наддавање. Неофицијално дознаваме дека елиминираните апликанти, едната со матична компанија во Велика Британија и другата од Србија испратиле своја реакција д

Пронајдете не на следниве мрежи: