Албанскиот претседател Бујар Нишани донел одлука со која на Рамуш Харадинај, некогашен водач на Ослободителната војска на Косово, му се дозволува да добие државјанство на Албанија, пренесуваат денес приштинските медиуми.Како што објави „Зери“, државјанство може да добие и неговата сопруга Анита Харадинај.
Декретот потпишан од страна на Нишани е објавен на веб-страницата на албанскиот претседател и носи денешен датум, 24 април.
„На нивно барање денес беше дадено албанско државјанство на Рамуш Харадинај и Анита Мустафа Хилми Харадинај”, стои на декретот потпишан од страна на претседателот на Албанија.
Рамуш Харадинај беше притворен од француските власти од 4 јануари оваа година по меѓународна потерница од страна на Србија и во моментов се чека одлука за негова евентуална екстрадиција.
Неодамна неговиот брат Даут Харадинај се закани со етничко чистење на Косово ако Рамуш Харадинај биде испорачан на Белград.Како што објави „Зери“, државјанство може да добие и неговата сопруга Анита Харадинај.
Декретот потпишан од страна на Нишани е