БУКУРЕШТ СУДБОНОСЕН ЗА МАКЕДОНИЈА

Судбината на Македонија се крои во еден балкански град Букурешт истиот тој град беше кобен за Македонија во 1913 година каде беше распарчена, а беше кобен и 2008 година исто така еден важен момент за Македонија кога поради Ветото на Грција, Македонија не доби покана  во НАТО алијансата Букурешки договор – мировен договор потпишан на 10 август 1913 г. помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна.
Во оваа војна Бугарија била принудена на отстапки, бидејќи била притисната од другите завојувани страни. Имено Кралството Романија со својата војска вршело постојан притисок од север, здружените војски на Србија иГрција напаѓале од запад, а отоманската војска вршела напади од исток.
Со овој договор исто така била извршена повторна поделба на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир). Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 км2 го добила Грција, Вардарскиотдел со површина од 25.342 км2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 и бил даден на Бугарија, аАлбанија добила 1.115 км2 во западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила за 8000 км2 со 303.000 жители.
Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на тој начин:

Егејскиот дел, со површина од 34.356 км2 го окупирала Грција,
Вардарскиот дел со површина од 25.342 км2 го окупирала Србија,
Пиринскиот дел со 6.798 км2 ја окупирала Бугарија и
Јужниот брег од Охридското езеро – Мала Преспа со 1.115 км2 и биле доделени на Албанија.

Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на балканските земји.
Веднаш потоа започнало асимилирање на Македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората Балканска војнамакедонското име не се споменувало, иако војната главно се водела во Македонија, Според извештаите,Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400, Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе.
Наведениве факти недвосмислено докажуваат дека балканските војни се подготвувале и се воделе за поделба на турските поседи во Европа. Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на посилниот, односно оружјето
Слично и се случи на Македонија повторно на Самитот на Нато  во Букурешт но овој пат во 2008 година, македонија повторно е ставена пред свршен чин, повторно падна во рацете на немилосрдната политика на Големите сили 
Македонија не доби покана да стане дел од НАТО алијансата и покрај сите залагања. Грција успеа да ја постигне целта и да стави ВЕТО на кандидатурата на Македонија и како пречка за влез на државата во НАТО го наведе проблемот која таа го има со името на Република Македонија. но и покрај се Македонија доби подршка од САД но залудно разочараноста на државниот врв беше огромна а тоа се потврдува и со нивните изјави: 
„Денес сите земји членки на НАТО како никогаш досега беа на страната на Македонија, освен една. Никогаш досега Македонија немала толку многу поддршка и една земја која е толку многу против тоа да стане членка на Алијансата. Сите земји препознаа дека Македонија заслужува да биде членка на НАТО а само една земја заради едно билатерално прашање силно се спротивстави, користејќи адут што ретко кој го користи и кршејќи ја Времената спогодба“, изјави Груевски. Тој најави дека Македонија нема да дигне раце од евроинтеграцијата и реформите и дека со уште поголеми напори ќе работи на прогрес. Потоа, силно и реплицираше на Атина порачувајќи дека секој оној што мисли дека ќе не' присили да прифатиме име што тој сака, е во заблуда, бидејќи тоа нема да се случи. „Грција ја прекрши Времената спогодба. Ова е тешка артилерија во дипломатијата. И тоа скапо ќе ја чини. Ние сме минале и низ потешки времиња од овие, 17 години живееме без членството во НАТО и ќе издржиме и натаму. Ќе работиме уште повеќе на квалитетот на животот на граѓаните“, рафално порача премиерот, тврдејќи дека Македонија е силна држава бидејќи има силни граѓани. Тој го нарече историско залагањето на САД да ја добиеме поканата, како и поддршката дури и на сопствена сметка на Турција, Словенија и други земји.
Слична изјава имаше и тогашниот Претседател Бранко Црвенковски во која рече :
„Денеска тука, на Самитот на НАТО во Букурешт се реализира најлошото можно сценарио за Македонија“, Нагласувајќи дека на Македонија не и' била оспорена подготвеноста за членство, Црвенковски рече дека „единствената пречка зошто денеска не станавме членка на НАТО се фрустрациите на Грција, којашто својата ирационална позиција ја издигна на такво ниво да го злоупотреби правото на вето во НАТО“. Црвенковски смета дека чувството на разочараност и неправичност не смее да не' измести од основниот курс и од остварувањето на стратегиските определби. „Не смее да не' парализира во овој период, туку, напротив, треба до максимум да се искористи целокупниот државен потенцијал и капацитет во Македонија“, изјави Црвенковски.
За оваа фарса предизвикана од Грција дадоа изјави и тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и преговарачот за проблемот со името Никола Попоски во кои рекоа :
„Ние сме Македонци од Република Македонија и ќе останеме тоа засекогаш“, изјави министерот Антонио Милошоски пред преполнетата прес-сала. Денот беше маратон од изјави за странските и домашни новинари, кои Македонија ја следеа како главна вест од Самитот. „Сакам да соопштам дека македонската делегација ќе го напушти Самитот затоа што во овие моменти чувствуваме потреба да бидеме заедно со нашиот народ. Ова се тешки моменти за мал народ, кој со 90 проценти даде поддршка за влез на земјата во НАТО“, изјави Милошоски. Тој потврди дека државниот врв е разочаран од одлуката на Самитот и од недостаток на визија за стабилноста на регионот. „Денеска се поразени принципите на НАТО. Тие не беа поразени на теренот каде Македонија партиципира со војници, туку на зелената маса. Тешко е да се разбере или објасни дека на една мирна нација како Македонија, која има амбиција да влезе во Алијансата на слободни демократии и е скратено основното право – на сопствено име и на сопствен идентитет“, изјави тој. „Ова е големо разочарување. Ние денес бевме казнети не зошто не ги направивме реформите или не испративме трупи во мисиите на НАТО туку зошто сме Македонци. Казнети сме поради тоа кои сме, поради нашиот идентитет. Грција јасно ја прекрши Времената спогодба, и тоа е правниот дел. Во однос на вредностите, јасно е дека тие и се она што долго се залагавме беше понижено поради Грција. Ова е одлука исто така што не оди во прилог на стабилноста на Балканот бидејќи со неа се испраќа погрешна порака. Со неа се охрабруваат радикалите и се обесхрабруваат оние кои гледаат во иднината. Сепак, нашиот курс останува евроатлански и ќе продолжиме да работиме на се она што досега работевме. Но тој предизвик сега ќе биде зголемен“, изјави преговарачот за името Никола Димитров.  
БУКУРЕШТ судбоносен за МАКЕДОНИЈА 
 
 Букурешки договор – мировен договор потпишан на 10 август 1913 г. помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна:&n

Пронајдете не на следниве мрежи: