Буквалистите не разбираат од „шега и иронија“ на интернет

Сите шеги не се за буквалисти. Веројатно и полицијата има буквалисти кои не знаат и не сакаат да читаат помеѓу редови. Раката на законот се повеќе тропа на вратата на граѓаните кои на интернет сакаат само да се пошегуваат.“Познат сум по иронија. Но дури и јас не би дошол до идеа да ја подигнам статуата на слободата”, рече истовремено ирскиот нобеловец Џорџ Бернард Шо. Сарказмот против американската идеа на слободатa – е причината поради која на Бернард му е забранет влез во САД. Но Бернард порано живеел во Америка, но тогаш полицијата не можела со еден клик да дојде до детални податоци за секој, да види што тој напишал, каде напишал, и кога напишал, што и како некој размислува. Идејата за пишување на постот на Бернард била дека со заминување во Америка, некое време тој ќе се чувствува слободен исто како да може да ја подигне статуата на слободната, но со читање меѓу редови, пренесува Дојче Веле.
Кој тоа сака да ја откопа Мерлин Монро?
Ирецот кој неодамна слета во Лос Анџелес, остана шокиран кога му е одбиен влезот во САД. Младиот Ирец, поминал 12 часа во притвор. Зошто? Затоа што, на пат кон Америка за кои сонувал, на Твитер напишал твит, дека во Калифорнија ќе си помине лудо, а тоа го илустрираше со зборовите “Ќе ја откопам Мерлин Монро” и “Ќе ја уништам Америка”. Нема сомнеж, младиот не е духовит како неговиот легендарен земјак Бернард, но кој навистина помисли дека овој млад човек навистина планира да го откопа гробот на Мерлин Монро, или пак да го уништи САД?
“Не би ве советувал, да прави и објавувате такви изјави или постови, дури и кога нивната намера е иронична”, изјави хамбуршкиот адвокат Клаус Лодигкајт. Овој експерт за ИТ-право изјави дека Американците ги снимаат сите разговори, прават копија на се што се наоѓа по интернетот, и нема да пропуштат ни вакви шеги. “Кога американските служби ќе пронајдат вакви слични објави или изјави од некои лица, тие отвораат досие, и ја сметаат таа личност како опасна за САД. Поради тоа треба да се биде премногу внимателен”, вели Лодигкајт за Дојче Веле.
Во секој случај, намерата на младиот Ирец била, дека од неговите забави кои ќе ги прави во Калифорнија, би ја кренал од гроб и Мерлин Монро, и Америка би горела од она што тој ќе го организира, но полицијата има буквалисти, кои не знаат да читаат помеѓу редови.
Заблуда или глупост
Не се работи само за проблеми при влез во некоја држава. Пред да биде ослободен белецот Џорџ Цимерман, по убиството на “црниот тинејџер” Трејвон Мартин, 15-то годишно дете од градот Зиона во Илионис напиша на интернет: “Ако тој биде ослободен, јас ќе ги убијам сите во Зиона и ќе се извлечам, баш како Цимерман.” Набрзо на неговата врата затропаа полицајците, го приведоа и најозбилно го прашаа дали од него постои опасност. Заклучиле дека не, и дека тоа го рекол со иронија дека правдата за убиство била многу нежна, и дека тој нема оружје, ниту пак пристап до оружје.
Многу полошо помина 18-годишниот Џастин Картер. Овој професионален гејмер за онлајн игри во прво лице, се скара со својата гејмерска екипа. Караницата била на Фејсбук, јавно, достапна и видлива за сите. Кога другарите му дофрлиле на Картер дека тој е “луд и оболен”, тој со иронична хипербола одговори. “Да, сосема сум луд. Мислам дека можам да ги убијам сите деца во градинка, и да ја гледам нивната невина крв како тече, и ќе изедам едно срце, додека се уште отчукува.” Потоа Картер веднаш напиша LOL (Интернет скратеница за “Се смеам гласно”) и JK (“Само се шегувам”) – тој помина неколку месеци во притвор, пуштен е со кауција, но му се заканува повеќе годишна затворска казна.
“Конкретните закани против физичкиот интегритет на интернет претставуваат кривично дело”, објаснува правникот Лодигкајт. “За тоа, луѓето се осудуваат. Ако во текот на истрагата постои опасност од бегство, се оди во истражен затвор.”Сепак, дали американските служби смеат да ги шпионираат приватните комуникации и конверзации на граѓаните, дури и ако тие се наоѓаат на интернет? “Не”, одговара Марио Тантс од германската Пиратска партија. “Во споменатиот случај полиција не ги надгледувала комуникациите и конверзациите, туку добивала информации од околината на потенцијалниот почетник на самата конверзација.” додава Тантс.
Здружение за заштита на шпиони
Последниот пример од Германија е посебно впечатлив. На Фејсбук, 28-годишниот Даниел Бангерт, повика на “прошетка до комплексот ‘Dager’”-инаку, станува збор за американски простории во близина на Дармштата у Германија. Наводно таму биле и канцелариите на американската служба НСА за која работел и Едвард Сноуден и која го шпионирала целиот свет. Бангерт пишуваше во име на фиктивното “Здружение за заштита на шпиони”. Иако иронијата е видлива од авион, американската воена полиција не се смеела, туку побарала своите германски колеги да го приведат Бангерт. Тоа и се случило, а младиот Бангерт е испрашуван и за своите политички убедувања. “Таква пракса критикуваме”, изјави Марио Тантс од Пиратската парија. “Во иднина, секој граѓанин кога нешто ќе напише, мора да има на ум дека полицијата или агентите за државна безбедност го читаат тоа. Тоа е проблем на државата која во меѓувреме има тотален надзор над нас”, додава Тантс.“Познат сум по иронија. Но дури и јас не би дошол до идеа да ја подигнам статуата на слободата”, рече исто

Пронајдете не на следниве мрежи: