Булевар во Скопје ќе го носи името на Есма Реџепова

Кралицата на ромската песна, славната скопјанка Есма Реџепова-Теодосиевска, наскоро во Скопје ќе добие булевар кој ќе го носи нејзиното име.По тој повод вчера во Министерството за култура кај министерот Роберт Алаѓозовски беа примени претседателката на хуманираното здружение “Есма и Стево Теодисевски”, Зорана Костовска, и долгогодишната активистка Мирјана Марковска. Во пријатен разговор со министерот, претседателката Костовска објасни дека оваа иницијатива за именување на булеварот по името на Есма поодамна тлее не само во самото здружение, туку и кај премногу луѓе во Македонија кои ја почитуваа(т) Есма и како уметник, но и како човек, голем хуманитарец и голема Македонка!
“Воодушевена сум од реакцијата на министерот кој вети дека преименувањето на еден од скопските булевари со името на нашата музичка кралица ќе оди релативно брзо, но сепак дека мора да влезе во законска процедура. Сите ние сме стрпливи, а најважно од се е тоа дека Скопје, како наш главен град, заслужува да има и ќе има булевар со нејзиното име. Впрочем, насекаде низ светот познато е дека улиците и булеварите се именуваат по имињата на познати пејачи, уметници, спортисти, новинари, глумци (како на пример: Тома Здравковиќ, Иво Робиќ, Елвис Присли, Грејс Кели, Мерилин Монро, Марлон Брандо, Џон Ленон….) па, така, и ние можеме, а пред се и сакаме да имаме булевар по името на Есма. Булеварот ќе биде, веројатно, некаде на потегот од Автокоманда, најмногу поради странците кога влегуваат во Скопје, а кои одлично знаат која е Есма, но и да им се објасни и на тој начин зошто ја почитуваме Реџепова. Сепак, локацијата на булеварот уште не е дефинирана, сега-засега е само предлог…”, објаснува г-ѓа Костовска.По тој повод вчера во Министерството за култура кај министерот Роберт Алаѓозовски беа примени претседателката на хуманираното здружение “Есма

Пронајдете не на следниве мрежи: