Бункерот на Мусолини отворен за посетители

Личниот бункер на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини ги отвора вратите за посетители. Тоа се случува 84 година по почетокот на изградбата на заштитниот објект кој што фашистичкиот лидер го гради за себе и своето семејство под закана од бомбардирањето на антихитлеристката коалиција во Втората светска војна, соопштува Ројтерс.Дирекцијата за култура на општина Рим ги отвора занданите кои се наоѓаат под луксузната вила ” Торлонија” и нејзината градина, откривајќи една од најмрачните страници на италијанската историја. Мусолини управувал со Италија од 1922 до 1943 година.
Во Втората светска војна тој го подржува  Хитлер и го спроведува антиеврејско законодавство, потсетува Ројтерс. Под закана од бомбите на непријателската авијација, Мусолини решава да направи бункер од винаријата на вилата, која е со херметички врати против газов напад. Подоцна, Мусолини наредил изградбата и на вториот, а потоа и трети бункер, но тој сепак останал недовршен по апсењето на диктаторот во 1943 година.

Токму третотиот бункер на 6,5 метри под земјата и со четири  метра ѕидови од бетон, би станало најсигурното семејно скривалиште, коментираат истражувачите.Објектот останува недовршен и денес посетителите го гледаат онаков каков што бил во време на апсењето на Мусолини пред 70 години. Отворањето на новиот музеј е закажана за петок 31 октомври.Дирекцијата за култура на општина Рим ги отвора занданите кои се наоѓаат под луксузната вила ” Торлонија” и нејзината градина, откривај

Пронајдете не на следниве мрежи: