Слободната сирска армија и организацијата Исламистичка држава Ирак и Сирија се согласија денеска за прекин на огнот во градот Азаз,после неколкудневни меѓусебни борби.Со договорот постигнат во близината на турско-сириската армија двете страни прифатија да извршат размена на заробениците и да го вратат имотот што едни од други го имаат одземено.
Засега не е познато дали договорот за прекин на огнот се однесува само на борбите во Азаз или пак на вооружените пресметки меѓу овие две ривалски групи во редовите на сириските бунтовници и на сите другите меѓусебни пресметки што се водат на територијата на Сирија.
Организацијата Исламистичка држава Ирак и Сирија е поврзана со мрежата на Ал Каеда, додека Слободната сириска армија ја има поддршката од Западот. Таа бунтовничка организација може да смета на оружјето и подршката од САД и европските западни земји,само доколку отворено и целосно се дистанцира од исламистичките групи и организации.Со договорот постигнат во близината на турско-сириската армија двете страни прифатија да извршат размена на заробениците и да го вратат имотот што