Бура ги нападна Велика Британија и Холандија

Најмалку три лица загинаа во Велика Британија во бурата Свети Јуда, додека две жртви има во Холандија, соопштија властите од овие две држави. Тинејџерка од Кент настрадала додека спиела откако врз нејзината куќа паднало дрво, човек во Вотфорд загинал откако дрво паднало врз неговиот автомобил додека 14-годишно момче се удавило во Источен Сасекс.
Во Амстердам дрво откорнато од бурата усмртило една жена.
Би-би-си јавува дека што се однесува на Велика Британија најлошото поминало и оти бурата веќе се наоѓа над Холандија.
Метеоролозите велат дека бурата да биде најлоша во изминатите десет години.
Ветровите со сила на ураган оставиле над 250.000 домаќинства во Велика Британија без струја.
Граѓаните на Амстердам се советувани од надлежните власти да не ги напуштаат домовите, како и поради силниот ветер да не возат велосипеди. Главната железничка станица во Амстердам поради оштетувањата предизвикани од бурата е затворена.
Од утрово во прекин е линијата на брзиот воз меѓу центарот на Лондон и аеродромот Гетвик и Станстед, додека е затворено и пристаништето во Довер поради што не сообраќаат ниту траектите до Франција.
Сообраќајот е во колапс, а два траекти со над 450 патници се блокирани во Ламанш.Тинејџерка од Кент настрадала додека спиела откако врз нејзината куќа паднало дрво, човек во Вотфорд загинал откако дрво паднало врз неговиот автом

Пронајдете не на следниве мрежи: