БУШ ИЛИ КЛИНТОН? Интересна оптичка илузија која открива како мозокот перцепира лица

Американските научници истражувале како човековото око и мозокот „соработуваат“ во препознавањето на нештата, односно лицата. Во оваа студија биле користени интересни слики, на кои се наоѓале двајцата поранешни претседатели на САД, Џорџ Буш и Бил Клинтон.Оптичката илузија која се создава по гледањето на слика на која се наоѓаат Клинтон и Буш, на научниците им дала важни информации за функционирањето на очите и мозокот при препознавањето на човечки лица.
Поентата е погледот да се фокусира на црвената точка која се наоѓа во средината, а потоа, за време на гледањето на две идентични слики, човекот со едно око да го види Буш, а со другото Клинтон, иако гледа во две потполно идентични слики.
Оваа илузија е предизвикана со ефектот кој се нарекува „невронска адаптација“, со чија помош мозокот на различни начини ги препознава нештата, во овој случај ликовите.
Научниците го споредиле ова чувство со она кога за првпат се слуша гласна музика и се смета за бучава, за таа по некое време да стане поднослива, а во некои случаи дури и незабележлива.
Американските научници заклучиле дека човековото око учествува при одлучувањето која од двете слики ќе се пратат до мозокот и со самото тоа, кого мозокот ќе го препознае.
Целата статија за ова истражување беше објавена во магазинот „Scientific American“.Оптичката илузија која се создава по гледањето на слика на која се наоѓаат Клинтон и Буш, на научниците им дала важни информации за функционирањето

Пронајдете не на следниве мрежи: