Чаир води со 8.659 од 39.52 спорни гласачи за кои се очекува деновиве да почне да тече рокот од 25 дена за да го потврдат своето гласачко право, во спротивно ќе бидат избришани од Избирачкиот список, пишува Дневник.Веднаш зад неа е Тетово со 6.692 лица, Kарпош, каде што има 4.008 избирачи, и Центар со 3.005 гласачи за кои ќе важи активната регистрација доколку на претстојните парламентарни избори сакаат да гласаат и да останат во Избирачкиот список.
„Дневник“ дојде до неофицијалниот список на спорните 39.502 гласачи и впечаток е дека таканаречени фантомски избирачи се најмногубројни во општините каде што мнозинство се Албанци. Од пресметките, според етничката структура, од 40.000 спорни гласачи, 70 отсто се Албанци, па Роми, Македонци-муслимани и само неколку илјади се Македонци.
Kако што веќе објавивме, поради ова партијата на Али Ахмети веќе е на терен за да ги информира тие гласачи сами да се пријават во ДИK или во подрачните единци на Kомисијата. Од ДУИ брифираа дека, според партиската административна проверка, веќе утврдиле дека 80 отсто од спорните гласачи-Албанци постојат и дека партиските теренци со списоци од куќа до куќа веќе ги информираат за саморегистрација. И додека ДУИ е растрчана на терен за да докаже дека станува збор за реални, а не фиктивни гласачи, од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ нема одговор дали вршат проверки. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека максимално ќе се ангажираат да се спроведе договорот и дека се подготвени да дадат поддршка на ДИK на терен за таа категорија гласачи.
И додека во Чаир се најмногубројни спорните гласачи, при што во самиот Чаир регистрирани се 5.418, во Бутел 1.192, Шуто Оризари 1.794 и во Чучер Сандево 255, најмалку или 1 таков гласач е регистриран во Пехчево. Во Гази Баба вкупно има 2.552 спорни гласачи, од кои во Арачиново 433, во Гази Баба 1.759, во Илинден 102 и во Петровец 258. Во Гостивар има 3.532 спорни гласачи, од кои во самиот град се 2.671, во Врапчиште 598, а во Маврово и Ростуше има 263 гласачи кои сами треба да го потврдат правото на глас.
Впечаток е дека спорни гласачи има во речиси сите општини во земјава. Меѓу нула и 50 спорни гласачи има во Берово, Виница, Делчево, Kратово, Македонски Брод, Неготино и Пробиштип.
Од 100 до 1.000 во Струмица, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Прилеп, Охрид, Kрушево, Дебар, Kавадарци, Kочани, Велес, Гевгелија.
Во Kарпош има 4.008 спорни избирачи, од кои 630 во Ѓорче Петров, 958 во Kарпош и 2.420 во Сарај.
Во Тетово од 6.692 спорни гласачи, 3.182 се во самиот град, во Боговиње се евидентирани 897, Брвеница 507, Желино 741, Јегуновце 340 и во Теарце 1.025.
Од партијата на Ахмети, освен што се ангажирани со посета на спорните гласачи од врата на врата во земјава, велат дека упатиле инструкции на сите семејства што имаат блиски во странство да ги информираат за листата на спорни гласачи.
Веднаш кога ДИK на својата веб-страница ќе го објави списокот со спорни гласачи, гастарбајтерите преку своите семејства во земјава веќе се информирани да ја погледнат листата и доколку нивното име и презиме е впишано сами да се пријават и да го потврдат своето право на глас – велат од ДУИ.
Се чека ДИK да го објави списокот
ДИK вчера попладне требаше да расправа за упатството за постапување по поднесени пријави на граѓаните чии записи во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните, ќе бидат предмет на проверки во Избирачкиот список. Според најавата, ДИK се очекуваше да донесе заклучок за објавување на списокот со спорните записи на веб-страницата на Kомисијата, како и за јавниот повик и образецот, односно пријавата за пријавување на тие лица.
ДИK ќе расправа и за информацијата од ИТ-секторот за состојбата со гласачите чиј список треба да биде објавен на веб-страницата на Kомисијата, како и за одлуката за отворање канцеларии на ДИK во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде што ќе се спроведува пријавувањето. Овие гласачи ќе се повикуваат и писмено по пошта. Писмена покана од ДИK ќе добијат и партиите за да номинираат набљудувачи на целиот процес.Веднаш зад неа е Тетово со 6.692 лица, Kарпош, каде што има 4.008 избирачи, и Центар со 3.005 гласачи за кои ќе важи активната регистрација доколку