Чај од цимет против болна менструација

Причината за лековитите својства на циметот се должат на фактот што тој е голем извор на манган, диетални влакна, калциум и железо, а во неговата кора се наоѓаат и 3 етерични масла кои дополнително го засилуваат неговото дејство.
Чајот од цимет го стимулира протокот на крв во матката ( па затоа и се смета за многу голем афродизијак ). Снабдувањето со кислород и останатите хранливи материи што го носи крвта го поттикнува  создавањето на здрави јајце-клетки и помага во спречување на честото доцнење на менструалниот циклус или пак негов изостанок.

Затоа  чајот од цимет е природен домашен лек кој можете да го пиете не само за регулирање на  менструацијата, туку и за да ги избегнете болните грчеви. Многу жени го сметаат за вистински спасител за време на својот циклус и се изјасниле дека дури и немале потреба да пијат апчиња за ублажување на болката.
Домашен рецепт:Во сад изрендајте половина стапче цимет (или 1 кафена лажичка цимет во прав), прелијте го со зовриена вода и оставете го да отстои 15 минути. Пијте го 3 пати на ден после јадење.
Извор: lady.mkПричината за лековитите својства на циметот се должат на фактот што тој е голем извор на манган, диетални влакна, калциум и железо, а во него

Пронајдете не на следниве мрежи: