Чај – природно решение за подобра концентрација

Покрај тоа што лекува во зимските месеци и помага во… зачувувањето на имунитетот, научниците тврдат дека чајот ја подобрува и концентрацијата, брзината на размислување и помага во ослободувањето од заморот.
Истражувањето на холандските научници откри дека активните природни состојки во чајот, како што се аминокиселините Ел теанин и кофеинот, ја подобруваат концентрацијата и го олеснуваат совладувањето на когнитивни задачи,.
Волонтерите кои учествувале во истражувањето, по пиењето на една шолја чај, значително побрзо и поточно решавале крстозбори и други задачи, во споредба со контролната група на испитаници која не пиела чај.


Научниците заклучија дека придобивките на чајот произлегуваат од Ел теанинот, аминокиселина која може да се пронајде во зелениот чај и коефеинот кој се наоѓа во речиси сите видови на овој топол напиток.
Уште една предност на чајот се крие во тоа што тој е одличен сојузник во совладувањето на секојдневниот умор, а за да се почувствуваат благодетите на чајот, истражувачите препорачуваат од една до четири шолји чај на ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.