Чакаровски добил овластувања на министер уште пред еден месец

Ако баба лаже, трап не лаже –заменикот министер за здравство Гоце Чакаровски добил овластувања на министер уште пред еден месец.Заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски, во синоќешното гостување на емисијата Топ тема на телевизија Телма, се правдаше дека целосни овластувања од Владата добил пред само една недела, и поради тоа претходно министерството за здравство било речиси парализирано. Чакаровски рече „министерството беше парализирано, добив овластувања пред една недела, претходно се чувствував како англиска кралица“
Но, според документите од Централен регистар, Чакаровски овие овластувања ги добил пред речиси еден месец, поточно на 16 ноември е донесена одлука од Владата на РМ, а веќе на 17 ноември истото е евидентирано во Централниот регистар.

Чакаровски имал доволно време на располагање да ги спроведе административните процедури за набавка на лекови, за да не умираат пациенти оставени без терапија.

Зарем период од еден месец не е доволен да се направи нарачка на веќе завршена набавка на лекови за ретки болести?
Зарем еден месец не е доволен да се поправат расипаните апарати за компјутерска томографија на Клиниката за радиологија, ангиографите во Штип и Струмица, и бројните медицински апарати низ целата држава кои се во дефект?
Зарем еден месец не е доволен да се продолжи почнатата реконструкција на Старата Градска болница и на Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид?
Од оваа Влада досега видовме само правдање и празни ветувања, наместо конкретни резултати и дела за доброто на пациентите.Заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски, во синоќешното гостување на емисијата Топ тема на телевизија Телма, се правдаше дека целосни овла

Пронајдете не на следниве мрежи: