Претседателот на Лигата социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), Ненад Чанак, изјави за неделното издание на новосадскиот дневен весник Дневник дека не е точно оти Војводина забрзано ја губи автономијата, бидејќи таа всушност и нема автономија.„Целосно се несериозно тврдењата дека Војводина од формирањето на новата влада на Србија, од едноставна причина што Војводина ниту има автономија“, вели Ненад Чанак. Додава дека иницијативата на поедини организации за укинувањето на Автономната Покраина Војводина не е нова, бидејќи се заснова на поранешни барања за натамошна централизација држава.Лидерот на ЛСВ додава дека изминатите години многу пресметливо се укинати сите институционални механизми со коишто автономната покраина Војводина можела нешто да стори, додека „претходната власт предводена од Демократската партија, во голема мера ги обезвреднила и оние политички механизми со кои Војводина објективно би располагала, сведувајќи сѐ на меѓупартиски договори“.Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ) е регионална партија која има претставници и во парламентите и на Србија и на Војводина, а нејзината платформа беше антивоена во текот на 1990-те и заложби за поширока автономија на Војводина.
МакфаксПретседателот на Лигата социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), Ненад Чанак, изјави за неделното издание на новосадскиот дневен весник Дневник