Ако Вие не сте ја играле оваа игра Candy Crush Saga сигурно познавате некој кој ја играл. Играта е толку едноставна и заразна, и набрзо стана една од најпопуларните апликации за мобилни телефони воопшто.Сега кога на пазарот го прослави својот прв роденден , нејзините создавачи од компанијата King со јавноста ги споделија овие наверојатни информации. За само една година оваа игра ја превзедоа половина милијарда корисници. Оваа огромна бројка значи дека секој четиринаесетти човек на планетава, на својот„ паметен ‘‘ телефон ја има инсталирано оваа апликација.
Досегашниот владател во оваа категорија Angry birds ,до сега е превземена половина милијарда пати, но овој успех го оствари во период од две години.
Интересни се и податоците дека еден од 23 профили на Facebook ја има „лајкнато‘‘ и дека таа најчесто се игра во работен ден и тоа во преиод од 18-21 часот како и во недела попладне. Во Сад се игра кога се гледа телевизија , а Британците ја играат додека се возат до училиште или пак до работа.
Се во се, може да се каже дека се работи за вистинска епидемија.
Иако малата шведска компанија King вистинската заработката на ја изјавува во јавноста , според проценките дневно заработува од еден до три милиони долари. Не треба да се занемари фактот што оваа игра е бесплатна , но е толку заразна што го тера играчот да потроши долар повеќе за да го заврши следното ниво.
Долар, по долар, милион.
Извор: think.mkСега кога на пазарот го прослави својот прв роденден , нејзините создавачи од компанијата King со јавноста ги споделија овие наверојатни информации