Во текот на минатата недела, царинските службеници открија обид за влез на илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, делови за автомобили и воздухоплови, мобилни телефони, дрон, мерен уред, облека, обувки и фалсификати.Задржана е следната стока:
Девизи
– 5.800 евра, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики.
Во првиот случај, во џеб од фармерките на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Ајндховен, Холандија, биле пронајдени непријавени 5.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 3.000 евра биле привремено задржани.
Во вториот случај, при личен претрес на турски државјанин, кој пристигнал со лет од Истанбул, во рачна ташничка биле пронајдени непријавени 12.500 евра и 350 американски долари. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 9.700 евра и 350 американски долари, што е противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а 2.800 евра биле привремено задржани.
Во двата случаи против прекршителите се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.
Техничка стока
– 50 мобилни телефони, 120 екрани за мобилни телефони и 1 дрон, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на багажот на двајца патници пријавени за влез во државата.
Во првиот случај, во патниот куфер на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул, биле пронајдени 50 мобилни телефони од марките Iphone 7 и Samsung Galaxy S7, 59 LCD екрани и 120 екрани на допир за мобилни телефони.
Во вториот случај, во патниот куфер на холандски државјанин, кој допатувал со лет од Дортмунд, бил пронајден 1 дрон.
Во двата случаи, непријавените производи биле привремено задржани, а против патниците се поведени прекршочни постапки.
– 1 комплет електрометар ULTRA VIII, откриен при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавениот уред, пронајден во куфер со лични работи, сместен во багажникот на возилото, е привремено задржан, а против возачот е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
– 4 електрични активатори на вентили и 4 затварачи за вода, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени позади возачкото седиште и на задното седиште, се привремено задржани а против возачоте поведена прекршочна постапка.
Делови и опрема за возила и воздухоплови
– 7 сетови за суспензија за автомобили и 6 делови од опрема за авиони и хеликоптери, откриени при контрола на два автомобили, пријавени за влез во државата на граничниот премин Блаце.
Во првиот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, во багажникот на возилото биле пронајдени 7 сетови за суспензија за автомобили, марка KAMOKA.
Во вториот случај, при контрола на романски автомобил, со кој патувале двајца романски државјани, во задниот дел од возилото биле пронајдени 6 делови од опрема за поправка на авиони и хеликоптери (Sochet Axle MLG, Protection MLG, Computer NAVIGATION, Computer AUTOPILOT, Recharchable for battery and navigation DATA BASE).
Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против возачите се поведени прекршочни постапки.
– 26 делови за вилушкар (диференцијал, гуртни, сајли, дискови, плочки, седиште, филтри за воздух, филтри за масло, волан, водна пумпа, перка за ладилник и канта за глицерин), откриени при контрола на косовски автомобил, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените делови, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Делови за врати и прозорци
– 102.237 делови за прозорци и врати (шарки, шини, брави, рачки за врати со цилиндар и друго) и 1 пневматска машина за сечење, откриени на граничниот премин Дојран, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. При мерење на камионот, кој бил натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, била забележана разлика од околу 12 тони меѓу измерената тежина и тежината според приложените документи, поради што бил извршен преглед на кабината на возачот, каде биле пронајдени уште 2 фактури и 2 товарни документи. По извршениот детален преглед на стоката, биле пронајдени непријавените производи, чија вредност изнесува околу 1,36 милиони денари. Случајот е предаден на секторот за контрола и истраги при Царинската управа, за понатамошна постапка.
Облека и обувки
– 50 фустани, откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените фустани, пронајдени во кеси сместени на задното седиште и во багажникот, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.
– 1 џемпер и 6 пара обувки (чизми и патики) од познати брендови, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Загреб. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот е поведена прекршочна постапка.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 26.496 пакувања со бонбони со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Пазарната вредност на бонбоните е проценета на околу 740 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.
Поради сомневање дека се повредени права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Мигранти
На железничката станица Гевгелија е спречен обид за влез во државата на 6 илегални мигранти со потекло од Сирија и Ирак. Илегалните мигранти се пронајдени во еден од празните контејнери за товарење жито, на товарен воз пријавен за влез во државата. Случајот е предаден на полициските службеници од железничката станица Гегелија, за понатамошна постапка.Задржана е следната стока:
Девизи
– 5.800 евра, от