Речиси 800 килограми говедско месо од Бразил со поминат рок на траење можеле да влезат во Македонија ако пратката навреме не ја спречеле царинските служби. Месото биле наменето за увозник од Струмица, пишува Телеграф.мкЦаринската управа информира дека минатата недела во царинската испостава Гевгелија е спречен обид за влез во државата на 877 килограми замрзнато говедско месо без коска со поминат рок на употреба и со вредност од 2.728 евра.
При детален преглед на месото, царинските службеници од налепниците на пакувањето на месото утврдиле дека станува збор за стока со поминат рок на употреба.
За наодот била известена Агенцијата за храна и ветеринарство, Сектор за инспекциски надзор ПЕ Гевгелија, која веднаш излегла на терен и по нејзините наоди било изготвено решение за забрана за пуштање стока која е небезбедна за здравјето на потрошувачите.
Увозникот е задолжен да ја уништи стоката и против него е поведена прекршочна постапка со мандатно казнување.Царинската управа информира дека минатата недела во царинската испостава Гевгелија е спречен обид за влез во државата на 877 килограми замрзнато го