Царината заплени Audi Q7, две бугарски сообраќајни дозволи, фалсигикувана роба…

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани автомобил AUDI Q7, сообраќајни дозволи, регистарска табличка, масло од црно семе и кокос, цигари и фалсификати.Задржана е следната стока:
Автомобил и регистарски таблички
– употребувано патничко возило марка AUDI Q7, за кое царинските службеници од царинската испостава Гевгелија откриле дека бројот на шасија втиснат на возилото не одговара на бројот на шасија во сообраќајната дозвола. При контрола на возилото, кое било пријавено за увозно царинење за увозник од с. Удово, биле забележани траги од преправки во просторот под резервното тркало, каде треба да биде фабрички втиснат бројот на шасија, а при проверка на документите било утврдено дека втиснатиот број на шасија не одговара на бројот на шасија на ветробранското стакло и сообраќајната дозвола. Возилото е привремено задржано а против увозникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
– две бугарски сообраќајни дозволи и 1 бугарска регистарска табличка, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два бугарски автомобили управувани од македонски државјани, пријавени за излез од државата на граничниот премин Делчево.
Во првиот случај, во преградата за документи била пронајдена сообраќајна дозвола, која припаѓала на возило марка BMW 316 I, сопственост на возачот, за кој изјавил дека бил оштетен во сообраќајна незгода и продаден на лице од Македонска Каменица. На тој начин возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде ставено во пропишана царинска постапка и без да бидат платени увозни давачки за истото. Сообраќајната дозвола е привремено задржана а против возачот е поведена прекршочна постапка.
Во вториот случај, во кеса сместена на совозачкото седиште биле пронајдени регистарска табличка и сообраќајна дозвола од моторцикл марка APRILIA PH125, сопственост на возачот, за кој изјавил дека го легализирал и чекал да добие македонски таблички. На тој начин моторциклот бил пуштен во слободен промет без претходно да биде ставен во пропишана царинска постапка и без да бидат платени увозни давачки за истиот. Сообраќајната дозвола и табличката се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.
Цигари
– 24 штеки цигари, со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Дојран. Непријавените цигари, пронајдени во просторот за резервна гума во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Масло од црно семе и кокос
– 12 литри масло од црно семе и 6 литри кокосово масло, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 9.089 литри омекнувач, 4.800 литри средство за миење садови и 2.187 литри средство за чистење со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Италија, наменета за увозник од Тетово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово.
Пазарната вредност 2/2 на производите, доколку би се продавале како оригинали, е проценета на околу 2,6 милиони денари. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи е поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Царинска измама
Во Царинска испостава Гевгелија е откриен обид за избегнување на плаќање увозни давачки, со погрешно пријавување на потекло на стока. Увозник од с. Сарај, Босилово, пријавил за увозно царинење ПВЦ профили, шарки, рачки, брави и метален оков за врати и прозори, при што приложил уверение за движење ЕУР1, како доказ за преференцијално потекло на стоката, со цел користење на повластени царински давачки со стапка од 0%.
При контрола на стоката, на амбалажата била забележана ознака за држава на производство различна од наведената во доказот за потекло, поради што истиот бил испратен на проверка во Република Турција, од каде бил добиен одговор дека поради ненавременото поднесување на потребната документација од страна на извозникот на производите, уверението за движење не било одобрено од страна на царинската администрација на Република Турција и производите не можат да се сметаат како производи со преференцијално потекло.
Царинската испостава Гевгелија изготвила барање за промена на податок во царинската декларација до Службата за управна постапка и дополнително евидентирање на царински долг во сметководствена евиденција во износ од околу 58 илјади денари, а против увозникот е поведена прекршочна постапка со мандатна казна.Задржана е следната стока:
Автомобил и регистарски таблички
– употребувано патничко возило марка AUDI Q7, за

Пронајдете не на следниве мрежи: