Царината заплени девизи, алкохолни пијалаци, фалсификати

Во текот на минатата седмица, царинските службеници открија четири царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, домашна ракија, делови за апарати за игри на среќа, спрејови и раствор за инјекции за животни, хербициди и фалсификати.Задржана е следната стока:
Девизи
– 12.700 евра, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на турски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Истанбул. Во предниот и задниот десен џеп од панталоните на патникот биле пронајдени 22.700 евра за кои не поседувал документ за потекло или потврда за пријавени готови пари при влез во Република Македонија. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.
– 5.000 евра, откриени при контрола на автомобил со германски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во една од преградите на рачната ташна на возачот се пронајдени вкупно 7.000 евра, за кои истиот не поседувал документи за потекло. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена соодветна постапка.
Алкохолни пијалаци
– 18 литри домашна ракија, откриени при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени во десниот страничен магацин на влекачот, како и во горниот кревет и на подот од возачката кабина, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Останато
– 333 парчиња делови за апарати за игри на среќа (кабли со конектори, графички картички, матични плочи, алуминиумски плочки, читачи за банкноти, пластифицирани логоа, мемориски и СИМ картички), откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на личниот багаж на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Дубаи. Непријавената стока е привремено задржана, а против патникот е поведена прекршочна постапка.– 12 спрејови за рани и инфекции на животни (Chlortetraciline 200 ml) и 3 шишиња од 100 мл раствор за инјекции за животни (антибиотик Tilmicosin 300), откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените производи, пронајдени под тапацирот во наслонот на совозачкото седиштето, под возачкото седиште и во просторот наменет за сетот за прва помош, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.
– 12 шишиња хербициди од по 1 литар, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи, пронајдени во касетата за документи пред совозачкото седиште, под совозачкото седиште и под задните седишта на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост– 144 парчиња женски обувки со ознака на заштитена трговска марка, откриени при контрола на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки, пријавено за влез во државата на граничниот премин Дојран, кое пренесувало стока од турски извозник, наменета за увозник од Косово. Пазарната вредност на сомнителните обувки е проценета на околу 864.000 денари, доколку би се продавале како оригинали.
Царински измами
Во текот на минатата недела откриени се четири обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.Во два одвоени случаи, во царинската испостава Гевгелија, од страна на увозник од Скопје биле пријавени за увозно царинење ѓубрива за земјоделие со потекло од Норвешка, декларирани во тарифни ознаки со стапки за царински давачки од 0% и стапки за ДДВ од 5%. При извршениот детален преглед на стоката и извршените испитувања во царинската лабораторија, било утврдено дека дел од производите треба да се распоредат во друга тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 5% и стапка за ДДВ од 18%, а останатите производи во друга тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 3% и стапка за ДДВ од 18%. Врз основа на новоутврдените тарифни ознаки, во првиот случај се пресметани дополнителни увозни давачки во износ од 139.463 денари, додека во вториот случај се пресметани дополнителни увозни давачки во износ од 170.056 денари, а против увозникот се поведени прекршочни постапки со мандатни казни.
Во третиот случај, во царинската испостава Гевгелија, од страна на увозник од Охрид биле пријавени за увозно царинење прскалки за распрскување на течност со потекло од Кина, декларирани во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%. При извршениот детален преглед на стоката и извршените испитувања во царинската лабораторија, било утврдено дека производите треба да се распоредат во друга тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 8% и стапка за ДДВ од 18%. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од 215.201 денари, а против увозникот е поведена прекршочна постапка со мандатна казна.
Во четвртиот случај, во царинската испостава Скопје 2, од страна на увозник од Скопје биле пријавени за увозно царинење мрежи против инсекти за прозорци и врати, декларирани во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 6,5% и стапка за ДДВ од 18%. При извршениот детален преглед на стоката било утврдено дека производите треба да се распоредат во друга тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 17,5% и стапка за ДДВ од 18%. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од 131.324 денари, а против увозникот е поведена прекршочна постапка со мандатна казна.Задржана е следната стока:
Девизи
– 12.700 евра, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на турск

Пронајдете не на следниве мрежи: