Во текот на минатата недела, царинските службеници открија 2 царински измами и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, гасни пиштоли, муниција, алати, автоделови, облека, обувки, додатоци на исхраната за луѓе и животни, пасоши за кучиња и фалсификати.Задржана е следната стока:
Девизи
– 6.000 евра, откриени при личен претрес на српска државјанка, која како патник во швајцарски автомобил се пријавила за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Во рачна ташна на патничката се пронајдени 16.000 евра, од кои согласно законските прописи ѝ се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.
Гасни пиштоли и ловечка муниција
– 4 нови гасни пиштоли, марка GBB Bereta M9 и AS4 Bereta M9, и 125 илјади парчиња муниција за гасни пиштоли марка Cursed со калибар од 6мм, откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Пиштолите се пронајдени под патосниците на предните седишта, а муницијата во багажникот на возилото. Пиштолите и муницијата се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 35 патрони ловечка муниција, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на грчки автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блато. Патроните, пронајдени во фабричка празнина позади возачкото седиште се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Алати и автоделови
– 1 рачна машина за лепење на етикети и 5 употребувани хилти, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат. Во првиот случај, при контрола на српски автобус, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во куфер сопственост на возачот пронајдена е 1 рачна машина за лепење на етикети, тип DPG gear head 5GN-20- K.
Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во багажниот простор, покриени со патни торби, пронајдени се 5 употребувани хилти, марка HILTI ТЕ 22, MAKITA, ATLAS COPCO и DE WALT. Во двата случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителите ќе бидат поведени прекршочни постапки.
– 4 парчиња електрични алати (апарат за заварување, брусилка, бор-машина и пила) и 2 парчиња делови за патничко возило (потисна плоча и ламела), откриени при контрола на грчки автомобил управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Производите, пронајдени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани а против возачот е поведена соодветна постапка.
Облека и обувки
– 200 готови текстилни производи и 13 пара обувки, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во првиот случај, во повеќе патни торби и кеси, сместени во багажниот простор и позади возачкото седиште помеѓу личните работи на патниците, се пронајдени 127 парчиња облека (машки и женски костими за капење и детски боди, панталони и фустани) и 13 пара детски обувки.
Во вториот случај, во три патни торби, покриени со столчиња и крпи за плажа, сместени во багажниот простор на возилото се пронајдени 73 парчиња облека (женски блузи, панталони и фустани), сопственост на сопатник во возилото, македонски државјанин. Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителите ќе бидат поведени прекршочни постапки.
– 47 пара обувки (балетанки и сандали), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Обувките, пронајдени во просторот за резервна гума на возилото, се привремено задржани а против возачот е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
Останато
– 1.850 грама и 570 таблети додаток за исхрана на луѓе и 550 грама и 1.152 таблети додатоци за исхрана на кучиња, откриени при контрола на бугарски автомобил управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во ранец сместен зад возачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
– 19 пасоши за кучиња (18унгарски и 1 бугарски) и 15 лепенки за вакцини за кучиња, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на бугарски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Пасошите се пронајдени во преградата за документи, додека лепенките се пронајдени под маските на два мобилни телефони сопственост на возачот. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 1.140 футроли за мобилни телефони со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4. Вредноста на сомнителните производи е проценета на околу 570 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали. Производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Царинска измама
– Во царинската испостава Гевгелија е откриен обид за избегнување плаќање увозни давачки во износ од околу 276 илјади денари, со погрешно прикажување на потекло на стока. Увозник од Валандово пријавил за увозно царинење употребувано товарно возило, при што приложил уверение за движење ЕУР.1, како доказ за преференцијално потекло на возилото, со цел царинење со повластена стапка за царински давачки од 0%.
Поради сомневање во правилното декларирање на потеклото на возилото, царинските службеници поднеле барање до Секторот за контрола и истраги при Царинската управа, за проверка на уверението за движење ЕУР1. Врз основа на извршените проверки било утврдено дека не се работи за стока со потекло од Европска Унија, поради што е извршено дополнително евидентирање на царински долг во сметководствена евиденција и поведена прекршочна постапка со мандатна казна против фирмата увозник.
– На граничниот премин Деве Баир е спречен обид за употреба на фалсификат дозвола за транзит за линиски превоз на патници за меѓународен патен сообраќај, од страна на албански државјанин, возач на албански автобус што сообраќал на релација Софија-Тирана. При пријавување на автобусот за влез во државата, царинските службеници побарале од возачот дозвола издадена од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, при што возачот приложил документ кој всушност претставувал скенирана дозвола за транзит за линиски превоз на патници за меѓународен патен сообраќај, без воден жиг со кој е исцртан грбот на Република Македонија, како заштитен знак кој се наоѓа на оригиналната дозвола. Случајот е предаден на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа, за понатамошно постапување.Задржана е следната стока:
Девизи
– 6.000 евра, откриени при личен претрес на српска државјанка, која како патник