Царинската управа поднесе 8 кривични пријави

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во месец ноември 2016 година до надлежните јавни обвинителства  поднесе 8 кривични пријави против 2 правни и 8 физички лица.Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против Б. Г. државјанин на Р. Албанија кој на 31.10.2016 година со возило со албански регистарски ознаки се пријавил на влез во Македонија на граничниот премин Блаце. При извршена контрола на возилото во специјално направен бункер на подот, под предните и задните седишта биле пронајдени вкупно 29 пакетчиња, облепени со селотејп трака и наполнети со марихуана со вкупна тежина од 28 килограми. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во основен суд Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
 
До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против Р. Е. државјанин на Косово кој на 10.11.2016 година со возило со германски регистарски ознаки се пријавил на излез од државата на граничниот премин Табановце. При извршен преглед на повеќе места од возилото биле пронајдени вкупно 40 пакетчиња залепени со проѕирна леплива трака размачкана со црвенкаста маст, наполнети марихуана со вкупна тежина од 10 килограми. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во основен суд Куманово кој му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение
До ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против физичко лице Р. С. државјанин на Република Србија затоа што при преглед на кабината од товарно моторно возило со кое на 22.11.2016 година се пријавил за излез од Македонија, на ЦИ Табановце, царинските службеници пронашле две црни најлонски вреќи наполнети со режан тутун, сокриени под долниот кревет и уште четири вреќи на горниот помошен кревет од кабината на влекачот. Вкупната тежина на пронајдениот режан тутун од сите шест вреќи изнесувал 108 килограми. На ваков начин обвинетиот со намера да избегне целосно плаќање на акцизи на кои е обврзан со закон, а износот на акцизите е од поголема вредност односно 178.200 денари. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во основен суд Куманово, каде со пресуда врз основа на предлог спогодба е огласен за виновен и му е изречена парична казна во износ од 48.000,00 денари како и условна осуда казна затвор во траење од 6 месеци која нема да се примени доколку осудениот не изврши ново кривично дело во рок од 2 години.
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против физичко лице А. Ц. државјанин на Република Србија затоа што при преглед на автобусот со кој на 27.11.2016 година како возач, се пријавил за излез од Република Македонија, на ЦИ Блаце, во фабричка шуплина која се наоѓа кај креветот на возачот биле пронајдени вкупно 100 проѕирни кеси од по еден килограм наполнети со тутун за водено луле (наргиле) сместени во 4 картонски кутии. На ваков начин обвинетиот со намера да избегне целосно плаќање на акцизи на кои е обврзан со закон, пренесувал стока која подлежи на акциза спротивно на закон, а износот на акцизите е од поголема вредност односно 135.000 денари и одземање на тутунот. Осомничениот е предаден на судија во основен суд Скопје, каде со пресуда врз основа на признание на вина е огласен за виновен и му е изречена парична казна во износ од 61.500,00 денари како и условна осуда казна затвор во траење од 6 месеци која нема да се примени доколку осудениот не изврши ново кривично дело во рок од 2 години и одземање на тутунот.
Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма
До ОЈО Битола е поднесена кривична пријава против лицето М. Р. од Кочани, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно пуштила во промет производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измами купувачи. На 18.09.2016 година околу 21.00 часот на патниот правец Прилеп – Битола, на влезот во Битола од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи  било сопрено товарно моторно возило „фолксваген фургон“, во кое осомничената била сопатник. Извршен е преглед на возилото, при што е пронајдена следната стока: 27 парчиња блузи и 74 парчиња долни тренерки, сите со ознаки на заштитени трговски марки. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржала предметната стока.
До ОЈО Битола е поднесена кривична пријава против лицето О. А. од Велес, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма. На 18.09.2016 година околу 21.00 часот на патниот правец Прилеп – Битола, на влезот во Битола, од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи беше сопрено патничко моторно возило ,,форд мондео’’ управувано од осомничениот. Извршен е преглед на возилото, при што е пронајдена следната стока: 142 парчиња капи со ознака на познати трговски марки. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, Царинската управа привремено ја задржала предметната стока.
До ОЈО Велес е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице З. С. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело повреда на права на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, односно неовластено увезле производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи. На 26.02.2016 година со увозна царинска декларација во Царинската испостава Гевгелија била пријавена разна стока со потекло од Народна Република Кина. По извршениот преглед на декларираната стока, биле пронајдени: 147 парчиња футроли за мобилен, 100 парчиња звучници и 19 парчиња постелнини, сите со ознаки на заштитени трговски марки. Поради основано сомневање дека со наведената стока се повредува правото од интелектуална сопственост, постапувајќи по своите законски надлежности, Царинската управа привремено ја задржа предметната стока.
Во сите наведени случаи, по увидот на стоката застапниците на заштитените трговски марки ја известиле Царинската управа дека имаат добиено потврда од носителот на правото на индустриска сопственост дека задржаните предмети се фалсификати, односно истите ги повредуваат нивните права од индустриска сопственост. На ваков начин осомничените се обиделе да увезат производи кои се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи, со што го сториле кривично дело за кое се осомничени.
Царинска измама
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице А. И. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „царинска измама“. Пријавените дале лажни податоци за стоките при увозно царинење, кои влијаат на пресметката за наплата на царина и други увозни давачки, со намера правното лице да избегне делумно плаќање на истите во вкупна вредност од 222.117,00 денари. На 20.01.2016 година во Царинската испостава Скопје 1, за потребите на правното лице, за увозно царинење е пријавен употребуван автобус со вкупна вредност од 18.000,00 евра. Поради постоење на основано сомнение во поглед на веродостојноста на фактурата, Царинската Управа на Република Македонија се обрати до царинската администрација на Сојузна Република Германија со барање за верификација на фактурата приложена при увозно царинење, согласно Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ. Врз основа на добиениот одговор и прилозите кон истиот, фактурата и договорот за купопродажба, се утврди дека вистинската вредност на автобусот изнесувала 38.000,00 евра. Врз основа на ваквата утврдена фактичка состојба Царинската управа ја утврди реалната царинска вредност и изврши дополнителна пресметка за наплата на царински долг по предметната царинска декларација, при што се утврдија вкупно избегнати увозни давачки во износ  222.117,00 денари.Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
До ОЈО Скопје е поднесена кривична пр

Пронајдете не на следниве мрежи: