Царинските службеници од граничен премин Богородица вчера, 13.09.2016 година запленија речиси 1 килограм златна жица во парчиња и 57 грама платина во парчиња, со вредност од околу 38 илјади евра.Вчера изутрина (13.09.2016 год.), околу 08:15 часот на излез од Македонија на граничниот премин Богородица, се пријавило лице со германско државјанство управувајќи патничкото моторно возило со германски регистарски ознаки, во придружба на еден сопатник.
И покрај тоа што на прашање на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинска контрола возачот одговорил негативно, возилото било селектирано за преглед. При преглед на багажниот простор од возилото, во една патничка торба со прибор за автомобил, во пластичен сад наполнет со ориз, царинските службеници пронајдоа 948 грама златна жица во парчиња и 57 грама платина во парчиња.
По направена проценка од стручни лица, констатирано е дека златната жица е со чистота од 24 карата, чија вкупна берзанска вредност изнесува 36 илјади евра, додека гранулите преставуваат благороден метал платина со берзанска вредност од 1.630 евра. Вредноста на непријавената стока изнесува 2.322.849 денари, а висината на избегнати царински давачки е 426.418 денари.
Инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа по документирање на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази поднесоа кривична пријава до ОЈО-Гевгелија против осомничениот, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Криумчарење“ казниво по член 278 од Кривичниот законик, а судијата на претходна постапка при Основен суд Гевгелија на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 8 дена.Вчера изутрина (13.09.2016 год.), околу 08:15 часот на излез од Македонија на граничниот премин Богородица, се пријавило лице со германско државјан