Чарлиеви Ангели чии членови се „кул Славјанка“ и „огнена Албанка“: Би-Би-Си во величењето на СЈО го НЕГИРАШЕ македонскиот идентитет

Деновите додека беше најжешко околу референдумот во Британија, македонската јавноста можеше да се забавува и со еден прилог на Би-би-си за тоа дека обвинителка Kатица Јанева и нејзиниот најблизок тим – Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска, биле налик на „Чарлиевите ангели“, како што ги опиша влијателниот британски медиум Би-би-си, кој преку претставување на нивните профили се обиде да ја долови политичката атмосфера во Македонија, пренесува Дневник.Во таа атмосфера, кога помалиот дел од јавноста беше презадоволен од ваквото претставување на СЈО преку Би-би-си, а поголемиот се потсмеваше на асоцијациите (Чарлиевите ангели се за тоа како Kамерон Дијаз ги става под свое криминалците и воспоставува правда низ светот, како што нашата Kамерон, односно Kатица Бијонсе го прави во Македонија), малку кој го издвои делот од текстот каде што е опишана Ристовска.
Имено, додека за Јанева медиумот вели дека е „најславната жена во земјата ставена на главната сцена во турбулентната поранешна југословенска република“ (нема фуснота под текстот дали Би-би-си се сериозни или тераат мајтап), по потекло од Гевгелија, „жена со лелеава коса и со широка насмевка“, во делот од текстот каде што се пишува за потеклото и етничката припадност на обвинителките, пред Ристовска стои дека е „Словенка славјанка“, а не Македонка. Додека, за разлика од неа, Фетаи е претставена како припадник на албанското малцинство во Македонија.
– Јанева, жена со лелеава коса и со широка насмевка, обично е придружувана од две помлади заменички. Ленче Ристовска е Славјанка, а Фатиме Фетаи му припаѓа на албанското малцинство, кое сочинува четвртина од популацијата во Македонија. Заедно, тие се моќен симбол на заедништвото во земјата, која се уште е полна со меѓуетнички тензии и која беше на работ на граѓанска војна во 2001 година, пишува Би-би-си.
Според британскиот медиум, „Ристовска е кул, прибрана и русокоса со леденосини очи, а Фетаи, со катран црна коса и со црвен кармин, славна поради својата огнена реторика“.
– Некои ги нарекуваат македонски Чарлиеви ангели, според јаките, но гламурозни сили за борба против криминалот во американскиот филм и ТВ-серија. Нивните слики може да се најдат на постери, ѕидови, тротоари и маици со буквите СЈО – пишуваше Би-би-си.
Медиумот ги наведува сите досега отворени случаи на кои работи „единаесетчлениот тим на Јанева, но сите очи се вперени во трите бестрашни жени“. А како најинтересни за Би-би-си се издвоени деловите од прес-конференциите на кои Фетаи ги презентира случаите.
– Во еден случај за полициска бруталност, Фетаи предизвика мешаница на прес-конференцијата кога отворено опиша како поранешен министер што западнал во немилост бил врзан и фрлен на подот во ве-це со пиштол в чело, за да го сликаат провладини ТВ-камери. Имаше забрзано дишење додека таа ги повторуваше пцостите што ги кажале полицајците во случајот – се вели во анализата.Во таа атмосфера, кога помалиот дел од јавноста беше презадоволен од ваквото претставување на СЈО преку Би-би-си, а поголемиот се потсмеваше на асо

Пронајдете не на следниве мрежи: