Царовска крати средства наменети за изградба на градинки

Неспособноста на владата на СДС безмилосно удира по интересите на семејствата. Со ребалансот на буџетот неодговорната министерка Мила Царовска крати 5.600.000 денари кои беа наменети за изградба и опремување на детски градинки, изјави на денешната прес-конференција Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.Вели дека ова ја покажува целата негрижа на владата на СДСМ кон граѓаните и нивните потреби.
-СДС ги лажеше граѓаните пред избори ветувајќи зголемување на опфатот на деца во градинки за 50%, а сега кога се сместија во фотелјите, ги поздравија граѓаните со кратење на 5.600.000 денари кои беа наменети за нови градинки, и тоа во делот на нивното опремување, бидејќи изградбата во најголем дел ја покриваат општините. Врвно лицемерие, истакна Попова.
Таа посочи дека е факт оти со намалени средства некоја од предвидените градинки за отворање во 2017 година нема да се отвори затоа што нема пари за опрема.
-Овие 5.600.000 денари кои СДС ги крати, беа доволни за опремување и отворање на 5 до 6 нови помали градинки кои беа предвидени во програмата за 2017 година и е многу веројатно дека заради неспособноста на Царовска оваа 2017 година нема да се отвораат градинки во некоја од следните општини Прилеп, Ново Село, Кавадарци, Свети Николе, Бутел, Ѓорче Петров и други општини во Скопје. Едноставно, помалку пари, помалку градинки, потенцира Попова.
На овој начин, рече Попова, Царовска внесува хаос и неизвесност кај семејствата кои нема да знаат дали во нивната општина ќе има нова градинка, бидејќи заради намалените средства логично е да се очекува дека најмалку 5 градинки нема да бидат отворени.
-Ја слушаме вчера како несмасно и непринципиелно се пофали дека ќе отворела нови 13 градинки. Прво, сите овие градинки беа предвидени да се градат од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ и некои од нив се во подлабока фаза на реализација, што значи дека Царовска се кити со туѓи резултати, и тоа немаше да биде толку трагично ако Царовска од опозиција не ги критикуваше и исмеваше овие наши чекори за изградба на градинки. Второ, фалејќи се, лицемерната Царовска не кажува дека заради тоа што скрати 5 600 000 денари нема да се отворат најмалку 5 до 6 нови градинки, бидејќи таа лично ги укинува парите за нивно опремување и адаптација. И трето, имајќи ја во предвид неспособноста на Царовска ние веруваме дека таа нема да ги исполни нејзините зборови, затоа што сите знаеме дека едно говорат, а сосема друго прават. Едноставно, тие немаат навика да работат, истакна Попова.
Таа вели дека неодговорноста, лицемерието и неработата на владата на СДСМ предизвикуваат хаос и неизвесност кај граѓаните, и го уназадуваат општеството, додавајќи дека набрзо, неспособниот СДСМ ќе се соочи со политичката одговорност за нивната неработа и негрижа.
 
Вели дека ова ја покажува целата негрижа на владата на СДСМ кон граѓаните и нивните потреби.
-СДС ги лажеше граѓаните пред избори ветувајќи

Пронајдете не на следниве мрежи: