Чаша од овој напиток согорува 50 отсто од масните наслаги

Многумина го имаат овој напиток дома, а не се ни свесни колку тој може да помогне во борбата со вишокот килограми.Според студијата објавена во списанието “Nutrition”, една чаша сок од домати може драстично да го намали вашиот обем на стомакот. 
Во истражувањето учествувале повеќе жени кои секојдневно консумирале 280 милилитри од овој сок. Резултатите покажуваат дека за само осум недели, една од дамите изгубила 50 отсто од масните наслаги. Исто така, поголемиот дел од испитаничките изгубиле повеќе од половина килограм телесна тежина, а овој вкусен пијалок исто така го регулирал нивното ниво на холестерол.
Како сокот од домати помага во губење на килограмите? 
Сокот од домати содржи високо ниво на ликопен – антиоксиданс кој ја зголемува продукцијата на метаболичкиот хормон наречен адипонектин за дури 25 отсто.
Нутриционистката Шона Вилкинсон објаснила зошто доматот е толку добар за намалување на телесната тежина.
“Доматот содржи многу малку калории и јаглехидрати, како и висока содржина на вода. Исто така, тој содржи мал број на шеќери, па затоа е одлична алтернатива за овошните сокови”.
Нутриционистката открива дека сокот од домати е добар за намалување на апетитот. 
“Исто како и другото овошје и зеленчук, така и сокот од домати му пружа природни витамини и минерали на телото, со што помагаат во претворање на храната во енергија и го забрзуваат метаболизмот”.
Сепак, покрај овој напиток, треба да обрнете внимание и на исхраната.
“Доколку додадете сок од домати во вашата исхрана, но не внимавате на другите оброци, нема да забележите резултати. Во своето дневно мени мора да вклучите и намирници од сите групи, со многу зеленчук и протеини и да ја елиминирате преработената храна”, вели Вилкинсон. Според студијата објавена во списанието “Nutrition”, една чаша сок од домати може драстично да го намали вашиот обем на стомакот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: