Многумина пијат студена вода веднаш по оброкот и со тоа го нарушуваат своето здравје.Експертите советуваат по оброкот да го прескокнете консумирањето на чаша студена вода бидејќи со тоа можете да создадете непријатно чувство и болки во стомакот.
Пиењето на чаша студена вода може да влијае на варењето на храната бидејќи температурата на студените течности ја менува температурата на внесената храна, правејќи ја тешко сварлива. Долгото варење може да доведе до зголемување на нивото на желудочна киселина во стомакот и создавање на желудочен рефлукс.
Водата може да го поремети нивото на киселина во стомакот и со тоа да нè направи уморни и поспани по оброкот. Доколку имате чувствителни заби или патите од мигрена, студената вода може да биде причина за главоболка, пишува “Steptohealth”.
Нашето тело е “програмирано” да ја вари храната која има иста температура како и телото, па затоа студените или топлите оброци бараат дополнителен напор за дигестија.
Иако студената вода по оброкот е лоша, експертите велат дека нѝ е неопходна одредена количина на вода со цел нашиот организам правилно да функционира. Некои советуваат да консумирате вода пред оброкот, која ќе ви овозможи чувство на ситост и помал внес на храна во организмот.
Водата ја стимулира работата на бубрезите и допринесува за хидратација на организмот. Со цел да избегнете можни здравствени проблеми, консумирајте вода која е со собна температура.Експертите советуваат по оброкот да го прескокнете консумирањето на чаша студена вода бидејќи со тоа можете да создадете непријатно чувство и болки