ЧАСОВНИК ДИЕТА: 12 часа јадење – 12 часа гладување

Можете да престанете со броење калории и оброци- купете си неколку големи часовници и распоредете ги секаде по домот! Оваа диета не ја ограничува храната, туку времето за јадење… 
Наместо да ги броите калориите, ова е нов начин за гледање на времето: време за јадење и време за гладување. Единствено што треба да правите е да гледате во часовникот!
Оваа најнова диета е според новото истражување на американскиот институт Салк, објавено на 2 декември 2014. во списанието „Клеточен метаболизам“.
Според оваа студија, се дебелееме најмногу затоа што јадеме доцна навечер наместо да му овозможиме на телото да ги согори калориите кои се складираат во масти.
„Ограничувањето на 12 часа јадење, после кое настапува исто толкав период на гладување, може да помогне во борбата против зголемениот холестерол, дијабетесот и дебелината“- вели професорот Сачиданд Панда од институтот Салк.
Во истражувањето спроведено од неговиот тим, испитаниците биле глувци, но д-р Панда верува дека наодите можат да се применат и на луѓе.
На една група глувци им била ограничена храната на 12 часа, а во останатите 12 часа јаделе калорична храна, додека на другата група глувци им биле на располагање само диетални јадења кои можеле да ги јадат во било кое време.
Веќе за само неколку дена, глувците од првата група изгубиле 5% од вкупната тежина, а на крајот од 38-неделното истражување биле за 25% полесни од глувците со 24-часовна достапност до храна.
  
Наместо да ги броите калориите, ова е нов начин за гледање на времето: време за јадење и време за гладување. Единствено што треба да

Пронајдете не на следниве мрежи: