Целосна блокада и безизлезност ни се случува сега во Собранието. И нормално е да е така кога некој со постизборен инженеринг се обидува партијата победник на овие избори да ја испрати насила во опозиција, и тоа како? Преку безусловно прифаќање на уцена од странска држава, само за да се дограби до власт, изјави главниот и одговорен уредник на Информативната редакција во Алфа ТВ, Коле Чашуле во неговата нова емисија „Седмица“ која се емитуваше во неделата.-Нормално беше да се очекува дека партијата победник која има 51 пратеник, е моќна партија и ќе стори се за да го спречи тоа, па дури и мотивот да биде само за да се остане на власт. Зарем во суштина не е тоа целта на сите партии насекаде во светот?
Чашуле објасни каква е состојбата во Собранието.
-По речиси 2 недели дебата, реплики и контрареплики, официјално според деловникот само двајца-тројца пратеника ги завршиле своите говори од вкупно 50 и неколку пријавени за збор. Доколку вака продолжи дебатата, само за избор на комисијата за именување ќе бидат потребни 2 до 3 месеци, а потоа кога ќе дојде изборот на претседател на Парламентот се враќаме на почеток, рече тој.
Откако, додаде Чашуле, СДСМ увиде дека не може туку така си ја спроведе својата агенда, прави напори и бара дупки во деловникот за да насила го протурка Талат Џафери за спикер.
-Мислам дека оваа игра е опасна и СДСМ треба да размисли многу убаво пред да превземе таков чекор, имајќи в предвид дека надвор, пред Собранието има маса луѓе на кои преку глава им е од политиканството на СДСМ.-Нормално беше да се очекува дека партијата победник која има 51 пратеник, е моќна партија и ќе стори се за да го спречи тоа, па дури и мотивот да