СДСМ која прави напори и бара дупки во деловникот за да насила го протурка Талат Џафери за спикер, ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека целосно го блокирала Парламентот. Тука нормално им се приклучи и ДУИ, а како најгласен е секако Талат Џафери кој изгледа едвај чека да седне на спикерската фотелја, истакна главниот и одговорен уредник на Информативната редакција во Алфа ТВ, Коле Чашуле во неговата нова емисија „Седмица“ која се емитуваше во неделата. Зарем толку им е кратко памтењето на СДСМ и ДУИ па стигнаа они да обвинуваат за блокада на Парламентот? Талат Џафери ќе зборува за опструкција?- запраша Чашуле и потсети на 2012 година кога Џафери се обидуваше да си го искаже својот револт во Собранието- молчејќи.
-На тој Талат Џафери начин ја закочи процедурата за носење на Законот за бранителите. Откако првите денови зборуваше се и сешто, а рекордот е говор од околу 8 часа, Талат реши да замолчи и своето деловничко право да се јави за збор го користеше молчешкум, па дури и си читаше книга. Немаше деловнички начин кој владејачката ВМРО-ДПМНЕ можеше да го спречи. Судбината на тој закон ја знаеме сите.
Која иронија, додаде Чашуле, токму Талат Џафери кој во 2012 година го искористи деловникот за да спречи донесување на Закон, сега ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ дека со своите говори и реплики го блокирале Собранието.
-Но, не е само Џафери тој што преку разни процедурални забелешки и деловнички права, спречувал, одложувал или барал преговори пред да се гласа на Пленарна седница. За СДСМ тоа пред некоја година беше демократско и парламентарно право, а за СДСМ од денеска говорите на Илија Димовски или Антонио Милошоски биле недемократска блокада- мене ова ми личи на тешко лицемерие.
Не се само овие два примери во македонската историја, Чашуле потсети на неколку други ситуации.
-Непосредно пред молкот на Џафери во истата година, СДСМ за неколку месеци поднесе над 40 закони, по кои Собранието дебатираше со месеци, пратениците на ДПА го опструираа речиси целиот парламентарен период од 2008 до 2011 година, поради амнестијата на хашките случаи. Опструкции правеше и ДУИ кога беше во опозиција во 2007 и 2008 година, поради тоа што тогаш сметаше, сега не, дека е победничка албанска партија на изборите во 2006 година и дека таа треба да биде партнер на ВМРО-ДПМНЕ во власта.
Инаку собраниската говорница беше заглавена и во февруари 2007 година, кога СДСМ и ЛДП поднесоа на 2 и пол илјади амандмани за менување на собранискиот деловник.
-Тогаш беа вицкасти па предлагаа некои бесмислени амандмани, како на пример- пратениците да можат да зборуваат до 10 илјади минути, ако не ја напаѓаат власта, премиерот да држи седници кога ќе посака, а по секој негов говор да има задолжителна пауза од 30 секунди за фленетичен аплауз од пратениците и слично. Блокада на парламентот имаше и со предолги говори, кога поранешната пратеничка Весна Јаневска во 2006 година се обиде да го одложи донесувањето на Законот за полицијата, таа непрекинато говореше 6 часа и 30 минути, собраниската говорница ја држеше три дена. Долги говори се паметат и при легализацијата на тетовскиот универзитет, кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ говореа по неколку часа, препрочитувајќи ги истите говори и по 15 пати, истакна Чашуле.
Ваквиот начин на блокирање на Парламентот, верувале или не, не е наша македонска измислица. Во развиените земји таа е воспоставена демократска пракса која има и свое име- Филибастер.
-Ова што го гледаме деновиве во македонското Собрание не е циркус или нешто невидено, туку е нормална демократска пракса. ВМРО-ДПМНЕ го користи деловникот и своето демократско право преку збор да не дозволи спроведување на Тиранската платформа, а СДСМ не смее да си дозволи да го наруши тоа право или не дај боже да проба на сила да ја спроведе агендата, тогаш мислам дека ќе влеземе во сосема нова криза која никој овде не ја посакува, додаде тој.Зарем толку им е кратко памтењето на СДСМ и ДУИ па стигнаа они да обвинуваат за блокада на Парламентот? Талат Џафери ќе зборува за опструкција?- за