Чавков: Алфите кои ги вработи Спасовски сакаа со автоматско оружје да извршат упад во МВР

Добив информација дека припадници на единицата Алфи биле распоредени неколку тима во околината на Министерството за внатрешни работи, а некаде во 14: 30 часот влегле и во Министерството за внатрешни работи, односно се поставиле пред Управата за безбедност и контраразузнавање, истакна вчеравечер директорот на БЈБ Митко Чавков.Чавков рече дека во текот на денешниот ден ќе се спроведе проверка и истрага.
„Јас разговарав денеска со началникот на СВР Скопје, тој не знаеше дека се ангажирани Алфите и не знаеше дека Алфите се присутни во кругот на МВР и се стционирани пред УБК. Тој беше изненаден и после моето јавување ги повлече луѓето“, рече Чавков.
Директорот на БЈБ рече дека активирањето на Алфите секако е противзаконски и тоа ќе се докаже во текот на денешниот ден, бидејќи треба да се види кој ги ангажирал, за која задача ги ангажирал и според кој критериум се определени токму овие луѓе да бидат ангажирани.
Чавков рече дека во текот на денешниот ден ќе се спроведе проверка и истрага.
„Јас разговарав денеска со началникот на СВР Скопј

Пронајдете не на следниве мрежи: