Чавков: Безбедносниот систем треба да остане цврст и стабилен независно од тоа која политичка партија е на власт

Митко Чавков, министерот за внатрешни работи на Република Македонија, вечерва на Сител телевизија зборуваше за насилните протести и важноста од безбедносна стабилност во земјата.Тој потенцираше дека без разлика која политичка гарнитура е на власт, безбедносниот систем во земјата мора да остане стабилен и цврст.
-Сосема е легитимно правото на секој поединец, здружение или невладина организација да протестира и да искаже одреден револт за одредени прашања или состојби, но истовремено е одговорност за сето тоа што се случува во рамките на тие протести. Не можам да ги етикетирам сите луѓе дека учествувале во насилства или оштетување на објекти и напади на политички службеници. Секако, тоа беа само поединци. И тогаш и сега стојам на исиот став, а тоа е дека секое вандалско однесување и нарушување на јавниот ред и мир треба да се санкционира. Тие кривични прекршочни пријави ниту ги поднесува Оливер Спасовски, ниту ги поднесува Митко Чавков. Си беа идентификувани од оперативните служби, началник на СВР Скопје беше поставен од Оливер Спасовски и во рамките на СВР Скопје беа поднесени и кривичните и прекршочните пријави, рече тој.
Во врска со упадот на безбедносниот систем и прислушкуваните материјали, Чавков истакна дека последиците се тешки и се одразуваат на репутацијата на државата и МВР.
-Ние за разлика од 2001 кога беше првиот упад со вадење на прислушкувани материјали, ние сега покажавме капацитет. Разликата е во фактот што имаме изградено стручни служби кои успеаја да ги идентификуваат извршителите кои го злоупотребиле системот за безбедност и контра разузнавање. Факт е дека останаа тешки последици од сето тоа и според мене треба да се сфати од било кој политичар или политичка партија дека тоа е национален интерес, дека треба низ рамките на тие реформски процеси со еден консензус да почнеме да го консолидираме безбедносниот систем и да го вратиме на позиција или состојба да биде навистина гарант за безбедноста во Република Македонија и на регионално ниво. Тоа ќе биде тежок процес и потребен е политички консензус затоа што владите доаѓаат и заминуваат, а безбедносниот систем треба да остане цврст и стабилен независно од тоа која политичка гарнитура е на власт, а најмалку кој е министер за внатрешни работи. Тоа претставува корекција на одредени законски решенија, бидејќи видовме дека има и слабости. Законски решенија организациски структурни прашања ќе треба да бидат разгледани и веројатно е дека ќе има промена и од одредени функционални реформи, каде што е потребно дотерување на одредени стандарди во работењето, заклучи тој.Тој потенцираше дека без разлика која политичка гарнитура е на власт, безбедносниот систем во земјата мора да остане стабилен и цврст.
-Сос

Пронајдете не на следниве мрежи: