Чавков: Евакуирани се над 2.500 лица

Од страна на МВР за ефикасно справување со последиците од невремето, а согласно упатството за оперативни постапки во услови на кризна состојба, беа преземени активности на брзо излегување на местото и за таа цел од страна на СВР Скопје изготвен е план за мерки на превенција, рано спречување и справување во услови со кризни состојби.Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Митко Чавков, информирајќи за активностите преземени од страна на МВР за помош и расчистување на подрачјата погодени од поплавите.
-Се формираше штаб кој ги координираше работите на терен. Министерството ги стави во функција сите човечки и материјално-технички ресурси со коишто располага. За спасување на лица и пронаоѓање на исчезнати лица ангажирани се припадници на СВР Скопје, единиците за специјални операции и хеликоптерската единица. Од одделот за специјални операции од периодот од 6 до 12 .08.2016 година, ангажирани се над 2000 припадници со моторни возила, специјални оклопни возила, механизација и хеликоптери, кои учествуваа во спасување на лица, евакуирање, укажување на медицинска помош, извлекување на возила, чистење на поплавени куќи, испумпување на вода, чистење на јами, речни корита и одводни канали. МВР на дневна основа ангажира 200-300 полициски службеници и 24-часовно покривање на кризното подрачје. За поефикасно следење на активностите беше формиран оперативен штаб. По утврдената динамика на работење согласно насоките од дежурен јавен обвинител, екипи од МВР и тим од погребално претпријатие „Бутел“ беа пронајдени, идентификувани и документирани 22 случаи на починати лица, сите македонски државјани. 18 од нив се со живеалиште во општина Гази Баба, 2 од Крива Паланка и по едно лице од Тетово и Куманово. Како исчезнато лице во моментов е евидентирано 16-месечно бебе, истакна Чавков.
Евакуирани се над 2500 лица и укажана е медицинска помош на над 500 лица во исклучително опасни услови по живот.
Припадниците на МВР вршат 24-часовно полициско патролирање на целиот простор, а преземаат координирани мерки и активности за контролирање на сообраќајот во и надвор од подрачјето.
Целокупниот простор вил пребаран, а биле идентификувани сопствениците на патничките и товарните моторни возила зафатени од невремето, а возилата биле дислоцирани до нивните сопственици.Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Митко Чавков, информирајќи за активностите преземени од страна на МВР

Пронајдете не на следниве мрежи: