Чавков: Има сомненија дека министерот Нухиу имал информации и проценки дека постојат ризици, но криел од полицијата

Јас морам да констатирам дека имам сомневања дека Агим Нухиу имал информација дека се подготвува такво сценарио во Собранието на Република Македонија и тоа веднаш после завршувањето на седницата, истакна директорот на БЈБ Митко Чавков, кој беше гостин во Вестите на ТВ Сител.-Никој не можевме да претпоставиме или да процениме дека после завршувањето на седницата ќе има еден таков развој на настаните. Во тој контекст, јавноста беше сведок на тоа и тоа беше презентирано во медиумите и од лидерот на опозицијата Зоран Заев, кој што истакна дека имале проценки, развивале проценки дека Али Ахмети поради ризиците кои постоеле во нивното сценарио го ослободиле да не биде во Собранието и очекувале насилства. Зошто кога тоа го очекувале не ја пренеле информацијата во МВР? Зошто Нухиу доколку ја имал информацијата не го информирал оперативниот штаб за да се направат дополнителни мерки и активности за да се воспостави јавниот ред и мир или да се превенира влегување во Собранието со поголем број на сили? И трето, зошто ова сценарио не е направено пред 16:30 часот, односно пред да има собрано огромна маса на луѓе пред Собранието, запраша Чавков и додаде:
„Можело да се направи и пред 14 часот и после 14 часот тоа сценарио, но доколку одлучиле тоа така да биде, требало да ја информираат полицијата, и Агим Нухиу доколку не е информиран, а се сомневам дека не е информиран и ние верувајте дека би превзеле се што е во наша надлежност бидејќи имаме и други тековни полициски активности, но сите сили би ги насочиле околу Собранието.“-Никој не можевме да претпоставиме или да процениме дека после завршувањето на седницата ќе има еден таков развој на настаните. Во тој контекст, ја

Пронајдете не на следниве мрежи: