Чавков на неформален состанок на министрите за правда и внатрешни работи во Словачка

Мигрантската, односно бегалската криза беше во фокусот на состанокот на министрите за внатрешни работи, при што беше потенцирана неопходноста од засилена европска солидарност како во рамки на заедничкиот европски систем на азил така и во делот на зајакнување на шенгенските граници.Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков по денешниот неформален состанок на министрите за внатрешни работи и на правда на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во унијата, којшто во рамки на словачкото претседавање со Унијата се одржа во Братислава, посветен токму на миграциите и границите.
На состанокот, како што потенцираше Чавков, било оценето дека во врска со актуелната бегалска криза како глобален проблем, како поради причините така и поради последиците, нужна е глобална одоговорност но и одговор.
Во тој контекст договорено е во наредниот период да се продолжи со интензивни контакти и средби кои што практично треба да бидат претходница на двата клучни настани посветени на оваа важна тема: Самитот на лидери на глобално ниво во Њујорк и Средбата на високо ниво во рамки на Обединетите Нации кои што треба да резултираат со конкретни заклучоци и мерки за справување со бегалската и миграциската криза.
Според минитерот неспорно е дека веќе постои консензус околу вистинското значење на миграциската криза при што преовладува потребата од солидарен настап на сите земји. Пред се во делот на зајакнување на постојните регулативи, на системите и на институциите во рамки на ЕУ за справување со бегалска криза.
-Беа детектирани одредени слабости во досегашниот настап и следствено на тоа и реформи што треба да се превземат како во рамки на шенгенски каталог така во рамки на “Фронтекс“, односно проширување на неговата мисија, потоа зајакнување на регулатива за датотеки “Еуродакт“ и на капацитети на постоечкиот систем на азил, изјави Чавков, нагласувајќи дека ова e особено важно поради фактот што бегалската криза ќе трае и во иднина и ќе биде голем предизвик не само за ЕУ туку и за светот.
На крајот тој потенцираше дека во рамки на дебатата од страна на повеќе земји на ЕУ беше нотирана и поздравена досегашната активност и учество на Република Македонија во справувањето со мигрантската криза, при што особено на неговите билатерални средби со министрите за внатрешни работи на Словачка и на Австрија македонскиот ангажман бил оценет како одличен пример за ефективно партнерство и солидарност во справувањето со овој глобален проблем.Ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков по денешниот неформален состанок на министрите за внатрешни работи и на пра

Пронајдете не на следниве мрежи: