Незаконското ангажирање на припадници на Алфите можеше да предизвика несогледливи последици, предупреди директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во интервју за 217. број на неделникот „Република“ зборувајќи за упадот на Катица Јанева во просториите на УБК со помош на параполициските структури на СДСМ.Во интервјуто од минатата недела, Чавков не ја исклучи можноста СДСМ повторно да ги употреби овие параполициски структури при нови обиди за предизвикување инциденти и воедно предупреди дека СДСМ во моментот располага со 140 незаконски распоредени партиски војници кои претставуваат опасност и ризик по функционирањето на полицијата.
• Спомнав дека самото ангажирање на неколку тима од единицата „Алфи“, не само што е незаконски, туку во конкретниот случај е надвор од здравиот разум и опасно со можности за непредвидливи последици затоа што нивниот командант, до неодамна истражител во СЈО, барал да бидат вооружени со автоматски пушки. Со сигурност знаеме дека нивниот командант и началникот на СВР Скопје, исто така до неодамна истражител во СЈО, не само што биле во тек туку не нашле за целисходно да ме информираат мене како директор на Бирото за јавна безбедност. По мојата реакција кон началникот на СВР Скопје, истите така облечени со тренерки веднаш беа повлечени.
За тоа, се разбира, ќе има одговорност, но морам да ја искористам оваа пригода за да ја информирам македонската јавност дека во иднина не исклучувам незаконски ангажман на партиски војници кои се распоредени во единицата „Алфи“ и да посочам на опасноста и ризиците по функционирањето на македонската полиција преку околу 140 партиски војници кои се распоредени незаконски, од првиот до последниот. За среќа, сепак, тоа е мала бројка наспроти околу 9.000 професионалци и каква штета и да направат, сепак имаме изградено институционални и системски капацитети кои оваа мала група партиски војници не можат да ги доведат во прашање. Сепак, морам да подвлечам дека самото незаконско распоредување и незаконитоста во нивното работење ќе остави длабоки лузни по системот, среќната околност се, ќе повторам, изградените системски капацитети кои многу пати се потврдени во минатото и сами по себе претставуваат брана пред тенденциите за грубо кршење на законски вградените стандарди, предупреди Чавков.Во интервјуто од минатата недела, Чавков не ја исклучи можноста СДСМ повторно да ги употреби овие параполициски структури при нови обиди
Пронајдете не на следниве мрежи: