Незаконското ангажирање на припадници на Алфите можеше да предизвика несогледливи последици, тврди директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во интервју за неделникот Република.Тој не ја исклучува можноста од нивно повторна користење при нови обиди за предизвикување инциденти и предупредува дека овие 140 незаконски распоредени партиски војници на СДСМ претставуваат опасност и ризик по функционирањето на полицијата.
-Спомнав дека самото ангажирање на неколку тима од единицата „Алфи“, не само што е незаконски, туку во конкретниот случај е надвор од здравиот разум и опасно со можности за непредвидливи последици затоа што нивниот командант, до неодамна истражител во СЈО, барал да бидат вооружени со автоматски пушки. Со сигурност знаеме дека нивниот командант и началникот на СВР Скопје, исто така до неодамна истражител во СЈО, не само што биле во тек туку не нашле за целисходно да ме информираат мене како директор на Бирото за јавна безбедност. По мојата реакција кон началникот на СВР Скопје, истите така облечени со тренерки веднаш беа повлечени. За тоа, се разбира, ќе има одговорност, но морам да ја искористам оваа пригода за да ја информирам македонската јавност дека во иднина не исклучувам незаконски ангажман на партиски војници кои се распоредени во единицата „Алфи“ и да посочам на опасноста и ризиците по функционирањето на македонската полиција преку околу 140 партиски војници кои се распоредени незаконски, од првиот до последниот. За среќа, сепак, тоа е мала бројка наспроти околу 9.000 професионалци и каква штета и да направат, сепак имаме изградено институционални и системски капацитети кои оваа мала група партиски војници не можат да ги доведат во прашање. Сепак, морам да подвлечам дека самото незаконско распоредување и незаконитоста во нивното работење ќе остави длабоки лузни по системот, среќната околност се, ќе повторам, изградените системски капацитети кои многу пати се потврдени во минатото и сами по себе претставуваат брана пред тенденциите за грубо кршење на законски вградените стaндарди, вели Чавков.Тој не ја исклучува можноста од нивно повторна користење при нови обиди за предизвикување инциденти и предупредува дека овие 140 незаконски распоре