Во врска со поднесувањето на кривична привија од страна на МВР до лице вработено во МВР поради основано сомнение дека лицето се обидело незаконски да влијае врз потенцијален сведок на специјалното јавно обвинителство, дополнителниот министер за Внатрешни работи, Митко Чавков во интервју за Пресс 24 вели дека тоа е недозволиво и такво нешто не смее да се случи.-Уште откако случајот беше пријавен, МВР во координација со надлежното јавно обвинителство ги презеде сите мерки за обезбедување на соодветни докази. Судот понатаму ќе цени во соодветна постапка дали и за што е виновен осомничениот кому на товар му се става едно исклучително сериозно дело, особено во околностите во кои се наоѓаме сега. Ваквите методи на работење не доликуваат никому. Особено не на вработени во МВР. Не смее никому да нудите поткуп, огромни суми пари за да потпише и за да застане зад лажен исказ со кој некој би бил искомпромитиран, вели Чавков.
Тој потенцира дека доколку такво однесување остане несанкционирано ќе биде доведен во прашање кредибилитетот на целокупниот систем.
-Тоа беа методи на поранешната УДБА, систем кој се применуваше пред 50 години. Не доликува некој денес да се служи со такви средства. Политиката не смее да се меша во законот, вели Чавков.
-Уште откако случајот беше пријавен, МВР во координација со надлежното јавно обвинителство ги презеде сите мерки за обезбедување на соодветни доказ