Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска оствари средба со делегација на Парламентарното собрание на НАТО од Поткомитетот за трансатланска одбрана и безбедносна соработка и од Поткомитетот за демократско владеење.Како што соопшти МВР, министерот Чавков и членовите на делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО размениле информации во однос на македонските аспирации и напорите за членство во Алијансата, презентирајќи ги притоа последните состојби на интензивната и успешна меѓусебна соработка меѓу Министерството и НАТО.
Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО изразила интерес за подобро разбирање на актуелната политичка ситуација и воените и други безбедносни предизвици во земјата и во регионот.
– Беше изразена благодарност за се што Министерството за внатрешни работи направи во контекст на бегалската односно мигрантската криза и од нивна страна беше изразена јасна и отворена волја за поддршка во правец на стабилизација и помагање на процесите кои би довеле до членство на Република Македонија во европската заедница, се наведува во соопштението од МВР.
Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО изразила интерес и во однос на видувањето на министерот Чавков во поглед на соработката со соседите, пред се со државите-членки на НАТО, при што во однос на истото, Чавков оценил дека соработката е добра, дека билатералната и мултилатералната соработка остануваат врвен императив и дека сме насочени кон нивно натамошно продлабочување.Како што соопшти МВР, министерот Чавков и членовите на делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО размениле информации во однос на македонски