среда, 25 ноември 2026
Најново

Чавков оствари средба со делегација на Парламентарното собрание на НАТО

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска оствари средба со делегација на Парламентарното собрание на НАТО од Поткомитетот за трансатланска одбрана и безбедносна соработка и од Поткомитетот за демократско владеење.Како што соопшти МВР, министерот Чавков и членовите на делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО размениле информации во однос на македонските аспирации и напорите за членство во Алијансата, презентирајќи ги притоа последните состојби на интензивната и успешна меѓусебна соработка меѓу Министерството и НАТО.
Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО изразила интерес за подобро разбирање на актуелната политичка ситуација и воените и други безбедносни предизвици во земјата и во регионот.
– Беше изразена благодарност за се што Министерството за внатрешни работи направи во контекст на бегалската односно мигрантската криза и од нивна страна беше изразена јасна и отворена волја за поддршка во правец на стабилизација и помагање на процесите кои би довеле до членство на Република Македонија во европската заедница, се наведува во соопштението од МВР.
Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО изразила интерес и во однос на видувањето на министерот Чавков во поглед на соработката со соседите, пред се со државите-членки на НАТО, при што во однос на истото, Чавков оценил дека соработката е добра, дека билатералната и мултилатералната соработка остануваат врвен императив и дека сме насочени кон нивно натамошно продлабочување.Како што соопшти МВР, министерот Чавков и членовите на делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО размениле информации во однос на македонски

Поврзани вести