Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска изјави дека разрешувањето на Примислав Димовски од позицијата командант на полициската единица „Алфи“ е согласно одлука на Владата. Тој рече дека не сака да ја коментира работата на Примислав Димовски и оти ја почитува пресумпцијата на невиност, а дека постапките што се водат против Димовски се процесирани до надлежното Јавно обвинителство, додека во рамки на МВР ќе се спроведат дисциплинските постапки.– Прашањето поврзано со Примислав Димовски е неговото незаконско назначување за командант на полициската единица „Алфи“. Значи имате директно кршење на законот за Влада и особено кршење на системот на кариера кој е вграден во Законот за внатрешни работи. Примислав Димовски е унапреден за седум хиерархиски нивоа, што како постапка не е видена порано во рамките на МВР, така што тоа е само дел од многуте незаконски одлуки донесени од мојот претходник, рече Чавков одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција по средбата со полскиот колега Мариуш Блашчак.
Тој додаде дека јавноста беше во тек за неговите институционални реакции, кои беа во рамки на Управниот суд со поднесување на тужби, а кои беа прифатени со донесување на решенија за времени мерки со кои се забрануваат преземање на правни дејствија по однос на незаконските решенија, како и со одлуките на Владата.
– Не би прејудицирал во однос на одговорноста на Примислав Димовски за кршењето на законот во рамки на неговото работење додека беше со незаконско решение поставен за командант на единицата „Алфи“. Сепак ја почитувам пресумцијата на невиност. Но, Владата донесе одлука со која се поништија сите решенија кои незаконски беа донесени така што во контекст на тоа е поништено и ова решение. Решението како да не постоело во правниот сообраќај и тој се враќа на истото место од каде беше поставен за командант на единицата Алфи. И со тоа сакам да ја реасчистам дилемата за тоа дека Чавков го прекршил Законот за кривична постапка, Тоа не е точно, само сум спровел одлука на Влада која кажува дека овие решенија практично се елиминираат од правниот сообраќај, рече министерот Чавков.
Во однос на ангажманот на Примислав Димовски во СЈО, рече тоа апсолутно не се доведува во прашање.
– Го имаат на располагање и неговото теоретско знаење и неговото практично искуство да им дава поддршка и во идниот период но не од позиција командант на Алфи бидејќи тоа беше незаконско, туку од позиција на виш инспектор во тимот за обука на единицата за специјални задачи, рече Чавков.
Тој изрази и стравување дека овој случај може да стане преседан во работата на МВР.
– Немам ништо против овие полициски службеници кои се на незаконски начин унапредени, но во секој случај тоа е кршење на системот на кариера и тоа ќе има последици и во иднина, затоа што еднаш скршен систем на кариера вграден во Закон за внатрешни работи се плашам да не стане преседан и во некои идни активности, вели Чавков.– Прашањето поврзано со Примислав Димовски е неговото незаконско назначување за командант на полициската единица „Алфи“. Значи им