Голем број приватни прислишувани разговори со кои веќе биле уценувани голем број личности од општествениот живот биле пронајдени на УСБ и хард диск во вчерашните претреси за расчистување на „Фабриката за афери“ на СДСМ, потврди во интервју за „Пулт“ на Радио Слободна Македонија, заменикот министер за внатрешни работи Митко Чавков.Вели дека постојат непобитни докази дека овие материјали потекнуваат од архивата на Зоран Заев, а дека во изминатиот период со нив тргува Захир Бекири викан Чауш, заедно со неговите соработници.
Чавков вели дека е загрижен што лицата кои се предмет на уцени и изнуди не поднесуваат пријави зашто тоа претставива индикатор дека во иднина некој може правдата да ја земе во свои раце.
Во текот на вчерашниот ден во полициска акција координирана од Јавното обвинителство приведени беа повеќе лица, а претреси беа извршени на 7 локации на кои беа пронајдени оружје, машуни за изработка на фалсификувани документи и USB и хард диск со приватни разговори. Ова е продолжување на акцијата за расчистување со Фабриката за афери на СДСМ која ја координирал Захир Бекири викан Чауш.Вели дека постојат непобитни докази дека овие материјали потекнуваат од архивата на Зоран Заев, а дека во изминатиот период со нив тргува Захир Бек