Министерот за внатрешни работи Митко Чавков во интервју за телевизија Сител вели дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не ги предал сите материјали кои нелегално ги поседува до Специјалното јавно обвинителство.Со нив се тргува во криминалното подземје, а се врши и притисок и закани врз граѓани. Чавков ја објаснува опасноста од ваквото однесување на Чауш, неговите соработници и сите оние кај кои стигнале материјалите на Зоран Заев.
-Беа утврдени конекции на Захир Бекири-Чауш со лица од СДСМ. Хард дискот и УСБ-то имаат назнаки дека се креирани во СДСМ. Сите индикации упатуваат на тоа дека Чауш комуницира со лица од СДСМ. На тој начин се шират тие материјали. Јас сум сигурен дека и самите тие претставници на СДСМ не се свесни кој се ги поседува овие материјали. Правиме максимално напори да ги идентификуваме лицата кои ги поседуваат и да ги пресретнуваме таквите тенденции, но верувајте дека се соочуваме и со одредени проблеми бидејќи не секогаш луѓето кои се жртви ни ги пријавуваат овие случаи. Тоа дава дополнителна тежина на нашите мерки и активности. Практично тука е мојата загриженост дека во такви околности не се исклучува можноста некои луѓе да си ја земат правдата во свои раце. Опасна е заканата да се манипулира и да се тргува со објавување или со ширење на таквите незаконски содржини особено кога станува збор за поединци кои се опфатени со констриурани или монтирани содржини и длабоко задираат во нивната интима и во нивниот приватен живот, рече Чавков.
Министерот ја оценува ваквата состојба како проблематична, но и ризична особено од аспект што некој од граѓаните можат да ја земат правдата во свои раце.
Чауш и соработниците им се закануваат на граѓаните.Со нив се тргува во криминалното подземје, а се врши и притисок и закани врз граѓани. Чавков ја објаснува опасноста од ваквото однесување на Чауш,